Област на убавото однесување (ахлак).

Одговор: Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Најпотполната вера ја имаат оние верници кои се одликуваат со најубаво однесување (ахлак).“ (Ахмед и Тирмизи)

Одговор: 1. Затоа што тие се причината поради која Возвишениот Аллах ќе нѐ засака и сака.
Во хадис се вели:
„Најсаканите Аллахови робови се оние кои се одликуваат со најубаво однесување .“ (Хаким и Таберани)
2. Затоа што се причината поради која ќе нè засакаат суштествата.
3. Затоа што се најтешките дела на терезијата со која ќе се мерат делата.
Во хадис јасно е кажано:
„Најтешкото нешто на терезијата на Судниот ден е добриот карактер.“ (Ебу Давуд и Тирмизи)
4. Убавото однесување носи многукратни награди и севапи.
Во хадис стои:
„Верникот со својот добар карактер достигнува степен на оној кој пости преку ден и клања преку ноќ.“ (Ахмед)
5. Тој е знак на потполноста на верата.
Хадисот нотира:
„Најсовршената вера ја имаат оние верници кои се одликуваат со најубаво однесување (ахлак).“ (Ебу Давуд и Тирмизи)

Одговор: Од Куранот. Возвишениот Аллах вели: „Овој Куран води кон единиот исправен пат.“ (Ел Исра, 9)
Доказ од сунетот на Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се неговите зборови: „Јас сум испратен за да ги надополнам благородните морални вредности.“ (Ахмед)

Одговор: Ихсан значи постојана свест дека Аллах нé гледа и правењето добро и добродетелство кон сите суштества.
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Аллах пропишал добрина при (и за) сè.“ (Муслим)
Некои примери на доброчинство:
✔ Добродетелство во обожувањето на Возвишениот Аллах, така што ќе бидеме искрени во нашите ибадети.
✔ Добродетелство кон родителите, со зборови и дела.
✔ Добродетелство кон роднините и блиските.
✔ Добродетелство кон соседите.
✔ Добрина кон сираците и сиромашните.
✔ Широкоградост па дури и кон оние што ти направиле зло.
✔ Добродушност дури и во расправите.
✔ Добродетелство во говорот.
✔ Добродетелство кон животните.

Одговор: Спротивно на ихсанот (добродетелството) е лошотијата.
- Примери за тоа се: неискреноста во обожувањето (ибадетот).
- Непослушноста кон родителите.
- Кинењето на роднинските врски.
- Лошото однесување кон соседите.
- Избегнувањето на добродетелство кон неволниците и сиромашните, и друг грд говор и лоши дела.

Одговор: 1. Аманет во однос на чувањето на обврските кон Возвишениот Аллах.
Видови на овој аманет се извршувањето на ибадетите како намазот, зекатот, постот, аџилакот, како и другите обврски кои Аллах ги пропишал.
2. Аманет во однос на чувањето на обврските кон луѓето, како што се:
- Чувањето на честа на луѓето.
- Чувањето на имотот на луѓето.
- Чувањето на човечките животи.
- Чувањето на нивните тајни и сè што ни довериле.
Возвишениот Аллах, спомнувајќи ги својствата на успешните верници, вели: „И кои за доверените аманети и обврски свои се грижат.“ (Ел Муминун, 8)

Одговор: Хијанетот (измамата, проневерата), што подразбира кршење на обврските кон Аллах и луѓето.
Возвишениот вели:
„О, верници, Аллах и Пратеникот не лажете ги и свесно со аманетите не поигрувајте си.“ (Ел Енфал, 27)
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Три се знаците на лицемерот“ - и еден од нив е - „Кога нешто ќе му се довери, тој го проневерува.“ (Бухари и Муслим)

Одговор: Вистинољубивоста е кажување на она што е во согласност со вистинската состојба или опишување на нешто онакво какво што е.
Некои примери на вистинољубивост:

- Вистинит говор при обраќањето кон луѓето.
- Вистинољубивост во однос на ветувањата.
- Вистинољубивост во сите зборови и постапки.
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Вистинољубивоста навистина води кон добрина, а добрината води кон Џенет. Човекот ќе остане приврзан кон вистината сè додека кај Аллах не стане еден од вистинољубивите.“ (Бухари и Муслим)

Одговор: Лагата, што подразбира сè што отстапува од вистинската состојба, како што се лажењето на луѓето, неисполнување на ветеното, лажното сведочење и слично.
Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Лагата навистина води кон грев, а гревот води кон Огнот. Човекот ќе продолжи да лаже сè додека, кај Аллах, не биде запишан како лажливец.“ (Бухари и Муслим)
Тој исто така рекол: „Три се знаците на лицемерот“ - и еден од нив е - „Кога зборува, лаже, а кога ветува, не го исполнува.“ (Бухари и Муслим)

Одговор: - Трпението во покорноста кон Возвишениот Аллах.
- Трпението во избегнувањето на гревовите.
- Трпение при искушенија кои ни се одредени и искажување на благодарност на Аллах во секоја состојба.
Возвишениот Аллах, вели: „А Аллах ги сака трпеливите!“ (Али Имран, 146)
И Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Чудна е состојбата на верникот; тој секогаш е во добро и само верникот може да биде во таква состојба. Ако го снајде добро, тој се заблагодарува и му е добро, а ако го снајде зло, тој е трпелив и повторно му е добро.“ (Муслим)

Одговор: Недостатокот на трпение во покорноста кон Аллах, недостатокот на трпение во избегнувањето на гревовите, и негодувањето со зборови или дела за она што Аллах ни го одредил.
Некои примери на ова:

- Присакувањето на смртта.
Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Никој од вас нека не ја присакува смртта поради неволја што го снашла. Ако веќе мора да го направи тоа, нека рече: ‘Аллаху мој, дај ми да живеам се додека животот е подобар за мене, и усмрти ме тогаш кога смртта е подобра за мене.’“ (Бухари и Муслим)
- Удирање по лицето (при оплакување).
- Кинење на облеката.
- Запуштање на косата.
- Дова против себе за уништување.
Мухамед, благословот Божји и Неговиот спас нека се над него, вели: „Не е од нас, тој што го удира своето лице, што ја кине облеката и што изговара зборови од времето на џахилиетот (предисламското време).“ (Бухари)
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: „Големата награда доаѓа со големи искушенија. Кога Аллах ќе засака некој народ, го става на искушение. Кој ќе биде задоволен, му следува задоволство (од Бога), а кој ќе негодува, му следува негодување (од Бога).“ (Тирмизи и Ибн Маџе)

Одговор: Тоа е кога луѓето си помагаат едни на други во вистината и во доброто.
Видови на меѓусебно помагање:

- Помагање во враќањето на правата на вистинските сопственици.
- Помагање во спротивставувањето на неправдата.
- Помагање во задоволувањето на потребите на луѓето и сиромашните.
- Помагањето во секое добро.
- Избегнување на помагањето во грев, нанесување штета и непријателство.
Возвишениот вели:
„Едни на други помагајте си во добродетелството и во богобојазливоста, а не соучествувајте во гревот и непријателството; и плашете се од Аллах, бидејќи Аллах страшно казнува!“ (Ел Маиде, 2)
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Верниците се како делови од една градба; еден нејзин дел го поддржува и зајакнува другиот.“ (Бухари и Муслим)
Тој, благословот Божји и Неговиот спас нека се над него, исто така рекол: „Муслиманот е брат на муслиманот; не му прави неправда, не го угнетува и не го предава. Кој ќе му помогне на својот брат во неволја, Аллах ќе му помогне нему во неговата. Кој ќе отстрани неволја од еден муслиман, Аллах ќе му отстрани една од неговите неволји на Судниот ден. Кој ќе ги покрие неубавите дела на еден муслиман, Аллах ќе ги покрие неговите на Судниот ден.“ (Бухари и Муслим)

Одговор: 1. Срамот од Аллах: Ова значи да се воздржуваме од правење гревови кои ги забранил Тој.
2. Срамот од луѓето: под ова се подразбира избегнување на вулгарен и непристоен говор, како и откривање на интимни делови од телото.
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Верувањето има повеќе од седумдесет - или повеќе од шеесет - гранки. Највредната од нив е изјавата: ‘Ла илахе иллаллах - Нема друг вистински бог освен Аллах’, а најниската е отстранувањето на пречка од патот. Срамежливоста е исто така гранка од верувањето.“ (Муслим)

Одговор: 1. Милост кон постарите и нивно почитување.
2. Милост кон помладите и децата. Следниов хадис вели: „Не е од нас оној кој не ги почитува постарите и не кој не е милостив кон помладите.“ (Ахмед)
3. Милосрдие кон сиромашните, неволниците и луѓето во потреба.
4. Милосрдност кон животните, преку нивно хранење и воздржување од нивно вознемирување.
На ова укажуваат зборовите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „Верниците, во нивната меѓусебна грижа, милосрдие и сочувство, се како едно тело. Кога ќе се разболи еден дел од телото, сите останати делови реагираат со несоница и треска.“ (Бухари и Муслим)
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Милостивиот ќе им се смилува на оние кои покажуваат милосрдие. Бидете милостиви кон жителите на земјата, и Оној кој е на небесата ќе ви се смилува.“ (Ебу Давуд и Тирмизи)

Одговор: - Љубов кон Возвишениот Аллах.
Возвишениот вели:
„Но вистинските верници уште повеќе Го сакаат Аллах!“ (Ел Бекаре, 165)
- Љубовта кон Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем.
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Се колнам во Оној во чија рака е мојата душа, нема да биде верник (со потполн иман) оној кој не ме сака повеќе од своите родители и деца.“ (Бухари)
- Љубов кон верниците и желба за нивна добросостојба, исто како што ја посакуваме за себе.
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Никој од вас нема да биде вистински верник сè додека не му го посакува на својот брат она што го посакува за себе.“ (Бухари)

Одговор: Љубезност е ведрина на лицето, придружена со радост, насмевка и покажување задоволство при средба со луѓето.
Таа е спротивна на намуртеноста која ги одбива луѓето.
Во врска со ова се пренесени неколку хадиси, меѓу кои и хадисот на Ебу Зер, Аллах нека е задоволен со него, во кој Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, вели: „Не потценувајте ниедно добро дело, дури и ако тоа е да го сретнете вашиот брат со насмеано лице.“ (Муслим)
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Насмевката во лицето на твојот брат е садака.“ (Тирмизи)

Одговор: Завидливоста е да присакуваме да се изгуби благодатта која ја имаат другите или чувство на мразење кон благодатта што ја уживаат другите.
Возвишениот Аллах, вели: „И од злото на завидливиот кога завидува!“ (Ел Фелек, 5)
Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Не мразете се меѓусебно, не завидувајте еден на друг и не вртете си грб, туку, бидете Аллахови робови и браќа!“ (Бухари и Муслим)

Одговор: Потсмевањето е кога го исмејуваш и го омаловажуваш твојот брат муслиман, што е недозволено.
Возвишениот Аллах, забранувајќи го тоа, вели: „О, верници, мажите едни на други нека не им се потсмеваат, можеби едните се подобри од нив, а ниту жените на други жени, можеби тие се подобри од нив. И не прекорувајте се едни со други и не нарекувајте се едни со други со грди прекари! О, колку е грдо грешничкото име по верувањето! А тие што нема да се покајат – самите на себеси неправда си чинат.“ (Ел Хуџурат, 11)

Одговор: Скромност е кога човек не се смета себеси за подобар од другите, не ги омаловажува и не ја отфрла вистината.
Возвишениот Аллах, вели: „А робови на Семилосниот се тие кои по Земјата мирно одат.“ (Ел Фуркан, 63) „Мирно одат“: не се вообразени.
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Никој не бил скромен заради Аллах, а Аллах да не го воздигнал." (Муслим)
Пратеникот исто така рекол: „Аллах ми објави дека треба да бидете скромни, за никој да не се гордее над друг и никој да не се однесува неправедно кон другите.“ (Муслим)

Одговор: 1. Вообразеност над вистината, што значи нејзино отфрлање и неприфаќање.
2. Вообразеност над луѓето, што значи нивно омаловажување и понижување.
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Нема да влезе во рајот тој што во своето срце има вообразеност макар и колку зрно на синап.“ Тогаш некој човек праша: „Човекот сака да носи убава облека и убави обувки, на што Божјиот Пратеник одговори: Аллах е убав и ја сака убавината. Вообразеноста е отфрлање на вистината и понижување на луѓето.“ (Муслим)
„Отфрлање на вистината“: нејзино неприфаќање.
- „Омаловажување и понижување на луѓето.“
- Носењето убава облека и обувки не се смета за горделивост.

Одговор: 1. Мамењето при купопродажбата, што значи прикривање на недостатоците на стоката.
2. Тоа што се прави при образуванието, како на пример мамењето на испити.
3. Мамењето во говорот, со лажно сведочење и лажење.
4. Неисполнување наобврските и на она за што се договара со луѓето.
Во контекст на забраната за измама, се спомнува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, поминал покрај куп храна и ја ставил раката внатре. Кога почувствувал влага, го прашал продавачот: „Што е ова, сопственику на храната?“ Тој одговорил: „Го намокри дождот, о, Аллахов Пратенику!“ Пратеникот тогаш рекол: „Зошто не го стави влажниот дел одозгора за да го видат луѓето? Кој мами, не е од мене!“ (Муслим)
„Ес субра“: куп храна

Одговор: Тоа е спомнување на братот муслиман по нешто со кое тој не сака да се спомнува, кога е отсутен.
Возвишениот Аллах, вели: „И не озборувајте се едни со други! Зарем на некого од вас му е мило да го јаде месото на својот мртов брат? – а вам тоа ви е одвратно – затоа плашете се од Аллах, Аллах, навистина, го прима покајанието и Милостив е.“ (Ел Хуџурат, 12)

Одговор: Тоа е пренесување на туѓи зборови со намера да се создаде раздор меѓу луѓето.
Божјиот пратеник рекол:
„Нема да влезе во Џенетот оној кој пренесува туѓи зборови.“ (Муслим)

Одговор: Мрзеливост е недостаток на волја за правење добро и за исполнување на обврските.
Пример за тоа е мрзеливоста во извршувањето на задолжителните ибдети.
Возвишениот Аллах вели:
„Лицемерите настојуваат да го измамат Аллах, а Тој ќе ги надмудри. Кога стануваат намазот (молитвата) да го извршат, мрзеливо стануваат и тоа само за да се прикажат пред светот, а Аллах само малку Го спомнуваат.“ (Ен Ниса, 142)
Верникот треба да ги остави мрзеливоста, летаргијата и пасивноста, и да се стреми кон работа и активност, трудољубивост и упорност во овој живот, работејќи го она што го задоволува Возвишениот Аллах.

Одговор: 1. Лутина која е пофалена: Тоа е лутината заради Аллах, кога неверниците, лицемерите или други ги преминуваат Неговите граници.
2. Лутина која е покудена: Тоа е состојба на гнев која го наведува човекот да направи или каже нешто што не треба.
Како се лекува покудениот гнев?
- Со земање абдест.
- Ако човекот стои, треба да седне; ако седи, треба да легне.
- Следење на советот на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „Не лути се“!
- Самоконтролата.
- Барање заштита кај Аллах од проклетиот шејтан.
- Молчењето.

Одговор: Шпионирање е откривање и истражување на скриените работи на луѓето.
Некои забранети форми на шпионирање се:

- Нарушувањето на приватноста на луѓето во нивните домови преку нивно набљудување.
- Прислушување на разговорите на луѓето без нивно знаење.
Возвишениот Аллах, вели: „И не шпионирајте се едни со други...“ (Ел Хуџурат, 12)

Одговор: Расипништво е трошење на пари на неправилен начин. Скржавост е задржување на пари тогаш кога треба да се трошат.
Најдобриот пат е да се најде рамнотежа помеѓу расипништвото и скржавоста, а муслиманот треба да биде дарежлив.
Возвишениот вели:
„И тие кои, кога даваат, не се расфрлаат и не се скржави, туку при тоа се држат до средината.“ (Ел Фуркан, 67)

Одговор: Кукавичлукот е страв од нешто од кое не треба да се плашиш,
како на пример стравот да се каже вистината или да се осуди неправдата.
- Храброст е да се застане за вистината, како на пример да се учествува во борба за одбраната на исламот и муслиманите.
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во своите дови се молел: „Аллаху мој, барам заштита од Тебе од кукавичлукот…“
Тој, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Силниот верник е подобар и му е подраг на Аллах од слабиот верник, а и во обајцата има добро.“ (Муслим)

Одговор: Проколнувањето и пцуењето.
Нарекувањето некого со зборови како „животно“ или слични изрази.
Спомнувањето на пцости, вулгарни и непристојни зборови.
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, сето ова го забранил велејќи: „Верникот не навредува, не проколнува, не е безобразен ниту бесрамен.“ (Тирмизи и Ибн Хибан)

Одговор: 1. Да бараме од Аллах да ни подари убаво однесување и да нѐ помогне во тоа.
2. Да бидеме свесни дека Аллах нѐ следи и дека знае, слуша и гледа сѐ што правиме.
3. Да се потсетиме на наградата за убавото однесување и дека таа е причина за влез во Џенетот.
4. Да се потсетиме на последиците од лошото однесување и дека тоа е причина за влез во Огнот.
5. Убавото однесување води кон љубовта на Аллах и љубовта на суштествата, додека лошото однесување е причина за гнев на Аллах и гнев на луѓето.
6. Да го читаме животописот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и да ја следиме неговата пракса.
7. Да се дружиме со добро друштво и да го избегнуваме лошото друштво.
*******
Најдобриот зикр е оној што го изговараат и срцето и јазикот заедно.