Област на исламското право (фикх).

Одговор: Тахарет е отстранување на правната (апстрактна) и реалната физичка нечистотија. Тоа значи отстранување на сè што го спречува извршувањето на намазот.
Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Чистотата е клучот на намазот.“ (Ебу Давуд)
Отстранувањето на физичката нечистотија се врши така што муслиманот ја отстранува нечистотијата од своето тело, облека и местото каде што ќе го изврши намазот.
Отстранувањето на правната (апстрактна) нечистотија се врши преку абдест и гусл - капење со чиста вода, или со тејемум кога нема вода и кога таа не може да се користи.

Одговор: Со перење со вода додека целосно не се исчисти. Она што го лижело куче, треба да се испере седумпати, така што при првиот пат се користи земја.
Од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Начинот на чистење на сад кој го лижело куче е да се измие седумпати, при што првиот пат се користи земја.“ (Муслим)

Одговор: Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога муслиманот или верникот зема абдест и го мие своето лице, сите гревови што ги гледал со очите паѓаат заедно со водата или со последната капка вода. Кога ги мие своите раце, сите гревови што ги направил со рацете паѓаат заедно со водата или со последната капка вода. Кога ги мие своите нозе, сите гревови што ги направил одејќи на нив паѓаат заедно со водата или со последната капка вода, така што останува потполно чист од гревови.“ (Муслим)

Одговор: Со миење на дланките трипати. Испирање на устата со гаргара, вметнување вода во носот и нејзино исфрлање, трипати.
Испирање на устата се прави со:
 Ставање вода во устата, нејзино придвижување во усната шуплина и потоа нејзино исфрлање.
Шмркнување:
 Шмркнување вода во носот со воздух, користејќи ја десната рака.
Исфрлање:
 Исфрлање вода од носот по вшмркувањето, користејќи ја левата рака.
Потоа се мие лицето трипати.
Потоа се мијат рацете до зад лактите трипати.
Потоа следи триење на главата, напред и назад со рацете, и триење на ушите.
Потоа се мијат нозете до над глуждовите трипати.
Ова е најпотполниот начин на абдестот и е утврден во веродостојни преданија од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, кои ги пренесуваат Осман, Абдулах б. Зејд и други, а ги бележат Бухари и Муслим.
Исто така, во Бухари и други книги се спомнува дека за време на абдестот Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, понекогаш ги миел деловите од телото по еднаш, а понекогаш по двапати.

Одговор: Тоа се постапките без кои абдестот на муслиманот не е валиден ако се изостави било која од нив.
1. Миење на лицето, вклучувајќи го миењето на устата и носот.
2. Миење на рацете до зад лактите.
3. Триење на главата, вклучувајќи ги и ушите.
4. Миење на стапалата до над глуждовите.
5. Редослед на миење на деловите од телото: прво лицето, потоа рацете, потоа главата, и на крајот нозете.
Возвишениот вели:
,,О, верници, кога ќе сакате намазот (молитвата) да го извршите, лицата свои и рацете свои до зад лактите измијте ги – а дел од главите свои допрете ги – и нозете свои до над зглобовите." (Ел Маиде, 6)
6. Континуитет: Тоа значи земање абдест континуирано, без временски прекин, така што деловите од телото нема да се исушат. Пример за тоа: Ако се земе половина абдест и се продолжи подоцна, таквиот абдест не е валиден.
Доказ за ова е хадисот во кој стои:
„Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, видел човек како клања, а на задниот дел од неговото стапало имаше место со големина на дирхем кое не било допрено од вода. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му нареди да го повтори абдестот и намазот.“ (Ебу Давуд)

Одговор: Сунетите на абдестот се препорачани постапки кои, ако се извршат, носат дополнителна награда. Ако се изостават, нема грев и абдестот останува валиден.
1. Изговарање "бисмиллах" (во името на Аллах) на почетокот на абдестот. Ова се темели врз хадисот: „Нема абдест оној кој не го спомнал Аллаховото име.“ (Ебу Давуд)
2. Користење на мисвак. Аргумент е хадисот: „Да не се плашам дека ќе му отежнам на мојот умет, ќе им наредев да користат мисвак при секој абдест.“ (Ахмед)
3. Миење на дланките.
4. Триење меѓу прстите. Спомнато во хадисот: „Земи абдест темелно, триј меѓу прстите и вшмукувај вода длабоко во носот, освен кога постиш.“ (Четирите Сунени)
5. Миење на деловите од телото по втор и третпат.
6. Почнување со десната страна. Според хадисот на мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, во кој стои: „Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, почнуваше со десната страна при облекување на обувки, при чешлање, при земање абдест и при сите свои работи.“ (Бухари и Муслим)
7. Изговарање на автентичната дова по абдестот: ,,Ешхеду ен ла илахе иллаллаху вахдеху ла шерике леху, ве ешхеду енне Мухаммеден абдуху ве ресулуху/Сведочам дека нема друг вистински бог освен Аллах, Единиот, Кој нема здруженик. И сведочам дека Мухамед е Неговиот роб и пратеник." (Муслим)
8. Клањање два реката доброволен намаз по абдестот. Втемелени во хадисот: „Кој ќе земе абдест како што јас го земам, а потоа клања два реката скрушено и без непотребни мисли, ќе му бидат простени претходните гревови.“ (Бухари и Муслим)

Одговор: Сè што излегува од двата отвора: половиот орган и аналниот отвор, било да се работи за урина, измет или гасови.
- Спиење, губење на разумот или свеста. Доказ е хадисот: „Окото е стега на анусот, па кој ќе заспие, нека земе (повторно) абдест.“ (Ебу Давуд и Ибн Маџе)
- Јадење месо од камила. Некој човек го праша Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „Дали треба да земам абдест по јадење месо од камила?“ Тој одговори: „Да.“ (Муслим)
- Директен допир на половиот орган или аналниот отвор со рака, без каква било препрека. Аргумент е хадисот: ,,Кој ќе го допре половиот орган, нека земе абдест." (Ебу Давуд, Тирмизи и други)

Одговор: Тејеммум е користење на земја или нешто друго што е на нејзината површина за чистење, кога нема вода или истата не може да се користи од оправдани причини.
Возвишениот Аллах вели:
,,А ако сте болни, или сте на пат, или после извршена физиолошка потреба, или ако сте биле во допир со жените, а не најдете вода, тогаш со дланките чистата земја допрете ја и лицата ваши и рацете ваши допрете ги. Аллах, навистина, поминува преку гревовите и простува!" (Ен Ниса, 43)

Одговор: Тејеммумот се извршува со еден удар на земјата со дланките, по што се тријат лицето и надворешната страна на дланките, еднаш.
Доказ за ова се зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, кога на Амар бин Јасир му рече: „Доволно е да постапиш вака.“ Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, удри со дланките по земјата, дувна во нив и го избриша лицето и дланките.“ (Бухари и Муслим)

Одговор: Со сѐ она што го поништува абдестот.
- И ако се дојде до вода.

Одговор: Местви се обувки направени од кожа кои се обуваат врз стапалата.
- Чорапи се она што се обува на стапалата, но не е направено од кожа.
Триењето/месхот врз нив е пропишано наместо миење на нозете.
Доказ за ова е хадисот на Мугире бин Шу'бе, Аллах нека е задоволен со него, во којшто се спомнува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, зеде абдест и ги протри (направи месх врз) чорапите. (Ебу Давуд, Тирмизи и други)
Во друго предание кое го бележат Бухари и Муслим стои: „Зеде абдест и направи месх врз мествите.“

Одговор: Земањето месг врз мествите е олеснување за луѓето, особено во време на студ, зима и патување, кога е тешко да се собујат обувките. Возвишениот вели: ,,Аллах сака да ви олесни, а не да имате потешкотии." (Ел Бекаре, 185)

Одговор: 1. Мествите треба да се облечат на чисти нозе, односно по земањето абдест.
Доказ за ова е хадисот на Мугире бин Шу’бе, Аллах нека е задоволен со него, во кој стои: „Бев со Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на патување и се наведнав да му ги собујам мествите, но тој рече: ,Остави ги, бидејќи ги обув чисти.’ Потоа зема месх врз нив.“ (Бухари и Муслим)
2. Мествите мора да бидат чисти, бидејќи не е дозволен месх врз нечисти местви.
3. Мествите треба да го покриваат делот од телото кој е задолжително да се измие при земање на абдест.
4. Триењето врз мествите е дозволено во одреден временски период: за оној кој не е патник, месхот е дозволен еден ден и една ноќ; за патник, трае три дена и три ноќи.
Доказ за ова е хадисот на Али, Аллах нека е задоволен со него, во кој стои дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го одредил времетраење на месхот: три дена и три ноќи за патниците и еден ден и една ноќ за оние кои не патуваат. (Муслим)

Одговор: Постапката за месх е следна: влажните прсти на рацете се ставаат на прстите на нозете и се повлекуваат кон потколеницата. Десната нога се трие со десната рака, а левата со левата рака. Прстите треба да бидат раширени при месх и процесот не треба да се повторува.

Одговор: 1. Истекот на времето за месх. Не е дозволен месх врз мествите по истекот на времето одредено според шеријатот: еден ден и една ноќ за оној кој не патува и три дена и три ноќи за патникот.
2. Соблекување на мествите. Ако човекот ги соблече мествите или една од нив по месх, трињето станува неисправо.

Одговор: Намазот е обожување на Аллах преку одредени зборови и дела, започнувајќи со текбир и завршувајќи со селам.

Одговор: Намазот е строга обврска за секој муслиман.
Возвишениот вели:
,,На верниците им е пропишано во одредени временски интервали намазот да го извршуваат." (Ен Ниса, 103)

Одговор: Оставањето на намазот е неверство/куфр. Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Договорот помеѓу нас и нив е намазот. Оној кој ќе го остави, направил неверство.“ (Ахмед, Тирмизи и други)

Одговор: Пет намази во текот на денот и ноќта.
Сабах намаз:
два рекати.
Пладне намаз:
четири рекати.
Икиндија намаз:
четири рекати.
Акшам намаз:
три рекати.
Јација намаз:
четири рекати.

Одговор: 1. Исламот: Намазот не е валиден ако го изврши неверник, бидејќи делото е поништено поради неверство.
Возвишениот вели:
„Ако други на Аллах за рамни Му припишуваш, твоите дела сигурно ќе пропаднат." (Ез Зумер, 65)
2. Разумот, бидејќи намазот не е исправен ако го изврши неразумна личност.
3. Можноста за разликување, бидејќи намазот не е исправен ако го изврши дете кое уште не е доволно возрасно за да може да разликува работи.
Доказ за ова се зборовите на Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем: ,,Перото е подигнато за тројца: за оној што спие додека не се разбуди, за детето додека не порасне, и за лудиот додека не се освести или не закрепне." (Четирите Сунени)
4. Ниет (намера).
Доказ е хадисот во кој стои:
,Делата се вреднуваат според намерите, и секому ќе му припадне она за што имал намера." (Бухари)
5. Настапувањето на времето. Возвишениот вели: „Бидејќи на верниците им е пропишано во одредени временски интервали намазот да го извршуваат.“ (Ен Ниса, 103)
6. Правна чистота (абдест или гусул). Доказ е хадисот: „Аллах не го прифаќа намазот на било кој од вас сè додека не земе абдест.“ (Бухари и Муслим)
7. Отстранување на материјалната нечистотија. Доказ за ова се Аллаховите зборови: „И облеката своја исчисти ја!“ (Ел Мудесир, 4)
8. Покривањето на срамните места. Возвишениот вели: „О, синови Адемови, облечете се убаво кога сакате намазот (молитвата) да го извршите!“ (Ел Араф, 31)
9. Свртување кон киблата (Мека). Возвишениот вели: „Па, сврти го затоа лицето свое кон Месџидил Харам! И кај и да сте, лицата свои свртете ги на таа страна.“ (Ел Бекаре, 144)

Одговор: Тоа се четиринаесет рукнови, како што ќе наведеме:
1. Стоење во задолжителниот намаз за оној кој има можност. Доказ за ова е хадисот на Имран бин Хусејн во кој стои дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Клањај стоејќи. Ако не можеш, тогаш седејќи. Ако не можеш ни седејќи, тогаш легни на страна.“ (Бухари)
2. Почетниот текбир кој гласи: "Аллаху екбер". Основа се зборовите на Божјиот пратеник: „Кога ќе започнеш со намазот, изговори текбир.“ (Бухари и Муслим)
3. Рецитирањето на сурата Ел Фатиха. Доказ се зборовите на Божјиот пратеник: „Нема намаз оној кој не ја изрецитирал сурата Ел Фатиха.“ (Бухари и Муслим)
4. Руку (поклон), при што грбот се држи исправен и главата е во линија со грбот.
5. Подигање од руку.
6. Исправување во стоечка положба. Аргумент се зборовите на Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „Потоа поклони се на руку и остани додека не се смириш во таа положба, потоа исправи се додека не застанеш целосно исправен.“ (Бухари и Муслим)
7. Сеџдата, на следниов начин, да се спуштат на земја челото, носот, дланките, колената и врвовите на прстите на нозете.
8. Подигањето од сеџда.
9. Седењето помеѓу двете сеџди. Овие прописи се темелат врз зборовите на Божјиот пратеник: „Потоа направи сеџда и остани смирен во сеџдата. Потоа подигни се и остани смирен при седењето.“ (Бухари и Муслим)
Од Сунетот е да се седи на левото стапало, додека десното стапало е исправено со прстите насочени кон киблата. Доказ е хадисот на мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, во кој се вели: „Тој седеше на своето испружено лево стапало, додека десното го држеше исправено.“ (Муслим)
10. Смиреност во секој рукн кој се изведува.
11. Последниот тешехуд. Доказ е хадисот на Ибн Месуд, Аллах нека е задоволен со него, во кој стои: „Во намазот го велевме ова пред да биде пропишан тешехудот.“ (Пренесува Несаи, основата на овој хадис се наоѓа во двата Сахиха: Бухари и Муслим)
12. Седењето на последниот тешехуд.
13. Предавањето на двата селама, така што се изговара: Ес селаму алејкум ве рахметуллах. Ова се темели врз хадисот: „Тој го предаваше селамот на десната и на левата страна, велејќи: ‘Есселаму алејкум ве рахметуллах, Есселаму алејкум ве рахметуллах.’“ (Тирмизи и други)
14. Редослед на извршувањето на рукновите како што е споменато. Ако некој, на пример, намерно направи сеџда пред руку, неговиот намаз ќе биде неисправен. А ако тоа го направи ненамерно, мора да се врати да направи руку, а потоа да продолжи да клања според пропишаниот редослед.

Одговор: Ваџибите на намазот се осум, и тие се:
1. Сите останати текбири освен почетниот текбир.
2. Изговарање: „Семиаллаху лимен хамидех“ од страна на имамот и оној кој клања самостојно.
3. Изговарање: „Раббена ве лекел хамд.“
4. Изговарање: „Субхане раббијел азим“ еднаш при поклон на руку.
5. Изговарање: „Субхане раббијел е’ала“ еднаш на сеџда.
6. Изговарање: „Раббигфирли“ помеѓу двете сеџди.
7. Првиот тешехуд.
8. Седење на првиот тешехуд.

Одговор: Постојат единаесет сунети на намазот, и тие се:
1. Изговарање по почетниот текбир: „Субханекеллахумме ве би хамдике, ве тебарекесмуке, ве те’ала џеддуке, ве ла илахе гајруке“, што се нарекува и како почетна дова.
2. Изговарање: „Е'узу биллахи минеш-шејтанир-раџим.“
3. Изговарање: „Бисмиллахир-рахманир-рахим.“
4. Изговарање: „Амин“.
5. Рецитирање на сура по Ел Фатиха.
6. Рецитирање на глас од страна на имамот.
7. Изговарање по „Раббена велекел-хамд“: „мил’ес-семавати, ве мил’ел-ерди, ве мил’е ма ши’те мин шеј’ин ба’ду“.
8. На руку да се изговори „Субхане раббијел-'азим“ повеќе од еднаш.
9. На сеџда да се изговори „Субхане раббијел-е’ала“ повеќе од еднаш.
10. Помеѓу двете сеџди да се изговори „Раббигфирли“ повеќе од еднаш.
11. На последниот тешехуд да се испрати салават на Божјиот Пратеник Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, и на неговото семејство, да се замоли за благослов за него и за нив, и да се проучи дова по тоа.
Практични сунети:

1. Подигање на рацете при изговарање на почетниот текбир.
2. Подигање на рацете при спуштање на руку.
3. Подигање на рацете при враќање од руку.
4. Потоа спуштање на рацете.
5. Ставање на десната рака преку левата.
6. Гледање во местото каде што се прави сеџда.
7. Раздвојување на стапалата при стоење.
8. При руку, дланките со раширени прсти треба да ги фатат колената, додека грбот и главата треба да бидат израмнети во иста линија.
9. Спуштање на пропишаните делови од телото на земја при извршување на сеџда на начин што ќе се допре земјата.
10. Лактите треба да се одвојат од телото, стомакот од бутовите, а бутовите од потколениците. Нозете треба да се рашират така што ќе се создаде празнина помеѓу колената. Стапалата треба да се исправат, а внатрешноста на прстите на нозете да биде насочена кон земјата со раширени прсти. Рацете треба да се постават раширени спроти рамената, а прстите на рацете да се приближат едни до други.
11. Помеѓу двете сеџди и на првото седење, се седи на левото стапало, додека десното стапало е исправено и прстите се свртени кон киблата. На последното седење, се седи на левото бедро, со левата потколеница и стапалото поставени под десната потколеница.
12. При седење помеѓу двете сеџди и на тешехудот, рацете треба да се постават на бутовите со испружени и собрани прсти. На десната рака, малиот прст и прстенот се свиткуваат, палецот и средниот прст формираат круг, а показалецот се користи за покажување при спомнување на Аллаховото име.
13. Вртење на главата надесно и налево при предавање на селам.

Одговор: 1. Пропуштањето на некој од составните делови (рукн) или услови (шарт) на намазот.
2. Намерното зборување.
3. Консумирањето храна или пијалак.
4. Многубројните последователни движења.
5. Намерното пропуштање на некоја од обврските (ваџибите) на намазот.

Одговор: Начинот на извршувањето на намазот е следен:
1. Да се сврти кон киблата со целото тело, без девијација или свртување.
2. Потоа во срцето да ја донесе намерата (ниет) за намазот што сака да го изврши, без изговарање на ниетот со јазикот.
3. Следно е изговарање на почетниот текбир со зборовите „Аллаху Екбер“, при што се подигаат рацете до висината на рамената.
4. Потоа десната рака се става врз левата и се поставуваат на градите.
5. Потоа се изговара почетната дова која гласи: „АЛЛАХУММЕ БА'ИД БЕЈНИ ВЕ БЕЈНЕ ХАТАЈАЈЕ КЕМА БА'АДТЕ БЕЈНЕЛ-МЕШРИКИ ВЕЛ-МАГРИБИ, АЛЛАХУММЕ, НЕККИНИ МИН ХАТАЈАЈЕ КЕМА ЈУНЕККА ЕС-СЕВБУЛ-ЕБЈЕДУ МИНЕД-ДЕНЕС, АЛЛАХУММЕ-ГСИЛНИ МИН ХАТАЈАЈЕ БИЛ-МАИ ВЕС-СЕЛЏИ ВЕЛ-БЕРД"
Или:
„СУБХАНЕКЕЛЛАХУММЕ ВЕ БИХАМДИКЕ ВЕ ТЕБАРЕКЕСМУКЕ ВЕ ТЕ'АЛА ЏЕДДУКЕ ВЕ ЛА ИЛАХЕ ГАЈРУКЕ.“
6. Потоа се бара засолниште од проклетиот шејтан изговарајќи: ,,Е'узу биллахи минеш-шејтанир-раџим."
7. Потоа се изговара бисмила и се рецитира сурата Ел Фатиха: 1. БИСМИЛЛАХИР-РАХМАНИР-РАХИМ (Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот!) 2. ЕЛХАМДУЛИЛЛАХИ РАББИЛ-'АЛЕМИН. (Сета благодарност Му припаѓа на Аллах, Господарот на световите.) 3. ЕР-РАХМАНИР-РАХИМ (Семилосниот, Милостивиот) 4. МАЛИКИ ЈЕВМИД-ДИН (Владетелот на Судниот ден.) 5. ИЈЈАКЕ НА'БУДУ ВЕ ИЈЈАКЕ НЕСТЕ'ИН (Само Тебе Те обожуваме и само од Тебе помош бараме!) 6. ИХДИНАС-СИРАТАЛ-МУСТЕКИМ (Упати нè на Правиот пат.) 7. СИРАТАЛ-ЛЕЗИНЕ ЕН'АМТЕ 'АЛЕЈХИМ, ГАЈРИЛ МАГДУБИ 'АЛЕЈХИМ ВЕ ЛЕД-ДДАЛ-ЛИН (На патот на тие на коишто благодатта им ја подари, а не на тие коишто гневот го предизвикаа, ниту на тие што заталкаа!) (Ел Фатиха, 1-7)
По Фатихата се изговара „амин“, што значи: Аллаху мој, прими ги нашите дови.
8. Потоа ќе проучи дел од Куранот и ќе го одолжи учењето за време на сабах намазот.
9. Потоа ќе направи руку, односно ќе го свитка грбот во знак на почит кон Аллах, и ќе изговори текбир при правењето на руку, подигајќи ги рацете до висината на рамената. Сунет е да го исправи грбот, да ја држи главата во линија со грбот и да ги постави рацете на колената со раширени прсти.
10. На руку се изговара: „СУБХАНЕ РАББИЈЕЛ АЗИМ“ трипати. Ако се додаде: „СУБХАНЕКЕЛЛАХУММЕ ВЕ БИХАМДИКЕ, АЛЛАХУММЕ ГФИРЛИ“, тоа е исто така добро.
11. Потоа ќе се подигне од руку и ќе изговори: „СЕМИ’АЛЛАХУ ЛИМЕН ХАМИДЕХ “, подигајќи ги рацете до висината на рамената. Оној што клања зад имамот не ги изговара овие зборови, туку наместо тоа вели: „РАББЕНА ВЕЛЕКЕЛ-ХАМД".
12. Потоа, откако ќе се исправи, ќе изговори: „РАББЕНА ВЕЛЕКЕЛ-ХАМД, МИЛ’ЕС-СЕМАВАТИ, ВЕ МИЛ’ЕЛ-ЕРДИ, ВЕ МИЛ’Е МА ШИ’ТЕ МИН ШЕЈ’ИН БА’ДУ.“
13. Потоа се прави првата сеџда, паѓајќи ничкум и изговарајќи „Аллаху Екбер“. Сеџдата се изведува со допирање на земјата со седум делови од телото: челото, носот, двете дланки, колената и врвовите на прстите на стапалата. При тоа, лактите треба да бидат одвоени од телото, подлактиците не треба да се ставаат на земја, а врвовите на прстите треба да бидат насочени кон киблата.
14. На сеџда се изговара „СУБХАНЕ РАББИЈЕЛ-Е’АЛА“ трипати. Доколку се додаде „СУБХАНЕКЕЛЛАХУММЕ РАББЕНА ВЕ БИ ХАМДИКЕ, АЛЛАХУММАГФИРЛИ“, тоа е добро.
15. Потоа, ја подига главата од сеџда изговарајќи „АЛЛАХУ ЕКБЕР“.
16. Потоа, ќе седи помеѓу двете сеџди на своето лево стапало, додека десното стапало го поставува исправено, и ги става рацете на натколениците и колената.
17. На седењето помеѓу двете сеџди се изговара: „АЛЛАХУММЕ ГФИРЛИ, ВЕРХАМНИ, ВЕХДИНИ, ВЕРЗУКНИ, ВЕЏБУРНИ, ВЕ 'АФИНИ.“
18. Потоа, изговарајќи „Аллаху Екбер“, се прави втората сеџда на ист начин како и првата, со истите зборови и дејства.
19. Потоа се подига од втората сеџда изговарајќи „Аллаху Екбер“ и се изведува вториот рекат исто како и првиот, со истите зборови и дејства, освен почетната дова.
20. По завршувањето на вториот рекат, се седи изговарајќи „Аллаху Екбер“. Седењето е исто како помеѓу двете сеџди.
21. Во положба на седење се изговара тешехудот кој гласи: „ЕТ-ТЕХИЈЈАТУ ЛИЛЛАХИ ВЕС-САЛАВАТУ ВЕТ-ТАЈЈИБАТУ, ЕС-СЕЛАМУ 'АЛЕЈКЕ, ЕЈЈУХЕН-НЕБИЈЈУ ВЕ РАХМЕТУЛЛАХИ ВЕ БЕРЕКАТУХУ. ЕС-СЕЛАМУ 'АЛЕЈНА ВЕ 'АЛА 'ИБАДИЛЛАХИС-САЛИХИН, ЕШХЕДУ ЕН ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ ВЕ ЕШХЕДУ ЕННЕ МУХАММЕДЕН 'АБДУХУ ВЕ РЕСУЛУХУ. АЛЛАХУММЕ САЛЛИ 'АЛА МУХАММЕДИН ВЕ 'АЛА АЛИ МУХАММЕД, КЕМА САЛ-ЛЕЈТЕ 'АЛА ИБРАХИМЕ, ВЕ 'АЛА АЛИ ИБРАХИМ ИННЕКЕ ХАМИДУН МЕЏИД. АЛЛАХУММЕ БАРИК 'АЛА МУХАММЕДИН ВЕ 'АЛА АЛИ МУХАММЕД, КЕМА БАРЕКТЕ 'АЛА ИБРАХИМЕ ВЕ 'АЛА АЛИ ИБРАХИМ ИННЕКЕ ХАМИДУН МЕЏИД. Е'УЗУ БИЛЛАХИ МИН 'АЗАБИ ЏЕХЕННЕМ, ВЕ МИН 'АЗАБИЛ-КАБР, ВЕ МИН ФИТНЕТИЛ-МАХЈА ВЕЛ-МЕМАТ, ВЕ МИН ФИТНЕТИЛ-МЕСИХИД-ДЕДЏАЛ.“ По ова, може да се изговара која било дова во која се бара добро за овој и за идниот свет.
22. Потоа се предава селам на десната страна, изговарајќи „ЕССЕЛАМУ АЛЕЈКУМ ВЕ РАХМЕТУЛЛАХ “, а потоа и на левата страна, на ист начин.
23. Ако се работи за три рекатен или четири рекатен намаз, тогаш при првиот тешехуд се застанува на зборовите „ЕШХЕДУ ЕН ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ ВЕ ЕШХЕДУ ЕННЕ МУХАММЕДЕН 'АБДУХУ ВЕ РЕСУЛУХУ “, без да се изговараат салавати и дова.
24. Потоа се станува изговарајќи „Аллаху Екбер“, при што рацете се подигаат во висина на рамената.
25. Потоа се изведува остатокот од намазот исто како и вториот рекат, така што се чита/рецитира само Фатиха.
26. Потоа се седи на начин наречен теверрук, односно, се седи на левото бедро, со левата потколеница и стапало поставени под десната потколеница.
27. Во ова седење се изговара целиот тешехуд, на начин како што појаснивме, заедно со салаватите и довата до предавањето на селам.
28. Потоа се предава селам на десната страна, изговарајќи „ЕССЕЛАМУ АЛЕЈКУМ ВЕ РАХМЕТУЛЛАХ“, а потоа и на левата страна, на ист начин.

Одговор: „ЕСТАГФИРУЛЛАХ “ трипати.
„АЛЛАХУММЕ ЕНТЕС-СЕЛАМУ, ВЕ МИНКЕС-СЕЛАМУ, ТЕБАРАКТЕ ЈА ЗЕЛ-ЏЕЛАЛИ ВЕЛ-ИКРАМ.“
„ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ, ВАХДЕХУ ЛА ШЕРИКЕ ЛЕХУ, ЛЕХУЛ-МУЛКУ ВЕ ЛЕХУЛ-ХАМДУ, ВЕ ХУВЕ 'АЛА КУЛЛИ ШЕЈ’ИН КАДИР. АЛЛАХУММЕ ЛА МАНИ’А ЛИМА Е’АТАЈТЕ, ВЕ ЛА МУ ’ТИЈЕ ЛИМА МЕНА’ТЕ, ВЕ ЛА ЈЕНФЕ’У ЗУЛ-ЏЕДДИ МИНКЕЛ-ЏЕДД.“
„ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ, ВАХДЕХУ ЛА ШЕРИКЕ ЛЕХУ, ЛЕХУЛ-МУЛКУ ВЕ ЛЕХУЛ-ХАМДУ, ВЕ ХУВЕ 'АЛА КУЛЛИ ШЕЈ’ИН КАДИР. ЛА ХАВЛЕ ВЕ ЛА КУВЕТЕ ИЛЛА БИЛЛАХ. ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ, ВЕ ЛА НА’БУДУ ИЛЛА ИЈЈАХУ, ЛЕХУН-НИМЕТУ ВЕ ЛЕХУЛ-ФАДЛУ ВЕ ЛЕХУС-СЕНА’УЛ-ХАСЕН. ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ, МУХЛИСИНЕ ЛЕХУД-ДИН ВЕ ЛЕВ КЕРИХЕЛ-КАФИРУН.“
„СУБХАНАЛЛАХ “ триесет и трипати.
„ЕЛХАМДУЛИЛЛАХ“ триесет и трипати.
„АЛЛАХУ ЕКБЕР“ триесет и трипати.
Стотиот пат се изговара:
„ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ ВАХДЕХУ ЛА ШЕРИКЕ ЛЕХУ, ЛЕХУЛ-МУЛКУ ВЕ ЛЕХУЛ-ХАМДУ ВЕ ХУВЕ 'АЛА КУЛЛИ ШЕЈ’ИН КАДИР.“
- Потоа се рецитираат сурата Ел Ихлас и двете заштитни сури (Ел Фелек и Ен Нас). По трипати после сабах и акшам намаз, и по еднаш после останатите намази.
- Потоа се рецитира ајетул Курсиј еднаш.

Одговор: Два реката пред фарзот од сабах намаз.
- Четири рекати пред фарзот од пладне намаз.
- Два реката по фарзот од пладне намаз.
- Два реката по акшамскиот фарз.
- Два реката по јацискиот фарз.
За нивната вредност Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе клања дванаесет доброволни рекати во текот на денот и ноќта, Аллах ќе му изгради куќа во Џенетот.“ (Муслим, Ахмед и други)

Одговор: Најдобриот ден во неделата е петок. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Најдобриот ден во неделата е петок. Во него е создаден Адем, во него умрел, во него ќе се дувне во Рогот и во него ќе се случи крикот. Затоа, во петок изговарајте што повеќе салавати за мене, бидејќи тие допираат до мене.“ Присутните прашаа: „О, Аллахов Пратенику, како ќе допрат нашите салавати до тебе кога твоето тело ќе се распадне, односно ќе го проголта земјата?“ Тој рече: „Аллах ѝ забрани на земјата да ги јаде телата на пратениците.“ (Ебу Давуд и други)

Одговор: Џума намазот е фарз 'ајн, поединечна обврска за секој муслиман, маж; полнолетен, разумен и кој не е патник.
Возвишениот вели:
„О, верници, кога во петок на намаз ќе се повика, побрзајте кон спомнувањето на Аллах, и купопродажбата оставете ја, тоа ви е подобро, да знаете!“ (Ел Џума, 9)

Одговор: Џума намазот се состои од два рекаа, при што имамот рецитира на глас. Пред овие рекати, се одржуваат двете хутби.

Одговор: Не е дозволено да се пропушти џума намазот освен поради оправдана причина. Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе пропушти три џуми од немарност, Аллах ќе му го запечати срцето.“ (Ебу Давуд и други)

Одговор: 1. Бањање. Заради зборовите на Божјиот пратеник: „Бањањето на денот џума е задолжително за секој кој достигнал шеријатска полнолетност.“ (Бухари)
2. Користење на парфем. Основа е хадисот: „Должност на муслиманите е да се бањаат во петок и да користат парфем.“ (Ахмед и Тирмизи)
3. Облекување на најубавата облека. Доказ е хадисот: „Ако некој има можност, нека има две облеки за џума, освен работните облеки.“ (Ибн Маџе и Малик во Муветта)
4. Поранување во џамија.
5. Пешачење до џамија. Така вели хадисот: „Кој ќе се спастри и искапе на денот на џума, потоа ќе порани во џамија, и ќе се приближи (до имамот), ќе слуша и ќе молчи, за секој чекор што го прави ќе има награда како за една година пост и намаз.“ (Тирмизи и Несаи)
6. Често изговарање салавати на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Изговарајте многу салавати за мене во петок, бидејќи тој ден е посведочен од мелеците. Никој нема да изговара салавати за мене, а да не ми биде прикажано, додека не заврши.“ (Ибн Маџе)
7. Рецитирање на сурата Ел Кехф. А доказ е хадисот: „Кој ќе ја прочита сурата Ел Кехф во петок, ќе му се даде светлина помеѓу двата петочни денови.“ (Хаким и други)
8. Да го бараме часот кога довата се прифаќа. Поради хадисот на Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, во кој се пренесува дека Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го споменал петокот и рекол: „Во него има час во кој, ако муслиманот стои и клања, барајќи нешто од Аллах, Тој сигурно тоа и ќе му го даде.“ (Бухари и Муслим)

Одговор: Абдулах ибн Омер пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Намазот во џемаат е повреден од поединечниот намаз за дваесет и седум степени.“ (Муслим)

Одговор: Понизност е присуство на срцето и смиреност на телото.
Возвишениот вели:
„Успешни се верниците! Tие кои во своите намази (молитви) се понизни.“ (Ел Муминун, 1-2)

Одговор: Зекатот е задолжителен дел од специфичен имот кој се издвојува за одредени категории во точно определено време.
Зекатот е еден од основните столбови на исламот и претставува задолжителна садака која се зема од богатите и им се дава на сиромашните.
Возвишениот вели:
„И зекат давајте.“ (Ел Бекарe, 43)

Одговор: Доброволната садака не е зекат, туку подразбира давање на било што во добротворни цели, во секое време од годината.
Возвишениот вели:
„И трошете го имотот на Аллаховиот пат.“ (Ел Бекаре, 195)

Одговор: Постот е чин на обожување на Аллах преку воздржување од сè што го прекинува постот, од зора до зајдисонце, со ниет. Постот се дели на два вида:
1. Задолжителен пост: како постот за време на месецот рамазан, кој е еден од столбовите на исламот.
Возвишениот вели:
„О, верници! Ви се пропишува пост, како што им е пропишан и на тие пред вас, за да бидете богобојазливи.“ (Ел Бекарe, 183)
2. Незадолжителен (доброволен) пост: како постот секој понеделник и четврток, и постот на три дена во месецот, при што најдобри се белите денови (13, 14, 15) од секој лунарен месец.

Одговор: Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе го испости рамазан, верувајќи и надевајќи се на награда, ќе му бидат простени сите претходни гревови.“ (Бухари и Муслим)

Одговор: Ебу Сеид ел Худри, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе пости еден ден на Аллаховиот пат, Аллах ќе го оддалечи неговото лице од огнот за седумдесет есени (години).“ (Бухари и Муслим)
„Седумдесет харифи“ означува период од седумдесет години.

Одговор: 1. Намерното јадење и пиење.
2. Намерно повраќање.

Одговор: 1. Брзање со ифтарот (прекинување на постот).
2. Суфурот и неговото одложување.
3. Повеќе добри дела и ибадети.
4. Кога постачот ќе биде навреден, да каже: „Јас постам“.
5. Дова при ифтар.
6. Прекинување на постот со свежи урми или суви урми, а ако нема, тогаш со вода.

Одговор: Хаџот или аџилакот е обожување на Аллах преку посетата на Мека, каде што се извршуваат пропишаните обреди на посебен начин и во точно определено време.
Возвишениот вели:
„Аџилакот е должен да го изврши, поради Аллах, секој што е во можност да дојде до него. А тој што не верува – па, Аллах е навистина независен од световите.“ (Али Имран, 97)

1. Ихрамот.
2. Престојот на Арафат.
3. Тавафул ифада.
4. Брзиот од помеѓу Сафа и Мерва .

Одговор: Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Го слушнав Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како вели: ,Кој ќе го изврши аџилакот заради Аллах, без да изговори непристојни зборови и без да направи грев, ќе се врати како на денот кога го родила мајка му.'“ (Бухари и други)
„Како на денот кога го родила мајка му“ односно без гревови.

Одговор: Умрата е чин на обожување на Аллах, кој вклучува посета на Кабата за извршување на определени обреди во било кое време од годината.

Одговор: 1. Ихрамот.
2. Тавафот.
3. Сајот (брзиот од помеѓу Сафа и Марва).

Одговор: Џихадот е вложување напор и труд во ширењето и одбраната на исламот, како и борба против непријателите на исламот и муслиманите.
Возвишениот вели:
„Тргнувајте во бој, било слаби или силни, и борете се на Аллаховиот пат заложувајќи ги имотите свои и животите свои! Тоа ви е, да знаете, подобро!“ (Ет Теубе, 41)
********

Одговор: Од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Што мислите, кога некој од вас би имал река пред својата врата и би се бањал во неа петпати на ден, дали би останало нешто од неговата нечистотија?“ Тие рекоа: „Не, не би останало ништо од неговата нечистотија.“ Тој рече: „Тоа е примерот на петте дневни намази со кои Аллах ги брише гревовите.“ (Бухари и Муслим)
-Зборот дерен спомнат во хадисот значи нечистотија