ДЕЛ ЗА ИСЛАМСКОТО ВЕРУВАЊЕ - АКИДА
Одговор: Мојот Господар е Аллах, кој со Својата благодат се грижи за мене и за сите суштества. Тој е единствениот кого го обожувам, не обожувам никој друг освен Него. Тој е Создателот, Владетелот, Снабдувачот и Управителот со сè во универзумот.
Доказ за ова се Аллаховите зборови: „Сета благодарност Му припаѓа на Аллах, Господарот на световите.“ (Ел Фатиха, 2)
Одговор: Фразата на тевхидот глас: „Ла илахе иллаллах“, а нивното значење е: Нема вистинско божество кое заслужува обожување освен Аллах.
Возвишениот вели: „Знај дека нема друг бог освен Аллах!“ (Мухамед, 19)
Тој исто така вели: „Тоа е затоа што Аллах е Вистина, а тие на кои, покрај Аллах, им се молат се лага, и затоа што е Аллах Возвишен и Голем." (Ел Хаџ, 62)
Одговор: Тоа значи дека Аллах го испратил до сите светови како доносител на радосни вести и како опоменувач.
Тоа сведоштво ги подразбира следниве обврски:
1. Покорност во она што го наредил.
2. Верување во сѐ она за кое нѐ известил.
3. Да не му бидеме непослушни.
4. Да го обожуваме Аллах само според она што го пропишал, што значи следење на сунетот и избегнување на новотариите.
Возвишениот вели: „Кој ќе му се покори на Пратеникот, Му се покорил и на Аллах.“ (Ен Ниса, 80)
Во друг ајет стои: „Тој не зборува по своја волја. Тоа е само Објавата која што му се доставува.“ (Ен Неџм, 3-4)
Возвишениот исто така вели: „Вие во Аллаховиот Пратеник имате прекрасен пример за тој што се надева на Аллаховата милост и на награда на оној свет, и кој често Го спомнува Аллах.“ (Ел Ахзаб, 21)
Одговор: Ибадет е сеопфатен термин за сè она кое Аллах го сака и со кое е задоволен, било да се работи за зборови или за дела, а кои се скриени или видливи.
Примери за видливи ибадети: спомнување на Аллах преку тесбих (славење), тахмид (благодарност кон Аллах), текбир (величање на Аллах), намаз, аџилак и слично.
Примери за скриени ибадети: потпирање на Аллах, страв од Него, надеж во Него и слично.
Одговор: 1. Тевхид рубубијје - што значи верување дека Аллах е Создателот, Снабдувачот, Владетелот, Управителот, Единиот Кому никој и ништо не му е рамно.
2. Тевхид улухијје - издвојување на Аллах во обожувањето, што значи дека никој освен Него не смее да се обожува.
3. Тевхид есма ве сифат - верување во Аллаховите имињата и Неговите својства кои ни се пренесени во Куранот и Сунетот, без искривување, негирање, опишување на нивната форма или споредување со нешто од созданијата.
Доказот за оваа поделба се наоѓа во ајетот каде што Возвишениот вели: „Тој е Господар на небесата и на Земјата и на тоа што е помеѓу нив, затоа само Него обожувај Го и истрај во тоа! Дали знаеш некого кој Му е сличен?“ (Мерјем, 65)
Одговор: Ширк е кога човекот му припишува на Аллах здруженик во Неговото господство (рубубијјет), обожување (улухијјет) или во Неговите имиња и својства.
Исто така, ширк е посветување на некои ибадети на некој друг покрај Аллах.
Видови на ширк:
Голем ширк: Примери: упатување на молитва на некој друг покрај Аллах, правење сеџда/паѓање ничкум на некој друг покрај Него, принесување жртва за некој друг покрај Него.
Мал ширк: Тој што го прави ова дело не излегува од верата, како на пример: заклетвата во нешто друго освен во Аллах, носењето амајлии со цел да се придобие корист или да се отстрани штета, преправање во помала мера, како на пример: разубавување на намазот за да го видат луѓето.
Одговор: Има шест темели на верувањето:
1. Верувањето во Возвишениот Аллах
2. Во Неговите мелеци.
3. Во Неговите книги.
4. Во Неговите пратеници.
5. Во Судниот ден.
6. Во одредбата Божја - и добрата и лошата.
Доказот за ова го наоѓаме во познатиот хадис на Џибрил, кој го бележи Муслим. Во него се спомнува дека Џибрил му рекол на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „Извести ме за иманот - верувањето?“ Тој му одговори: „Иман е да веруваш во Аллах, во Неговите мелеци, Неговите книги, Неговите пратеници, во Судниот ден, и да веруваш во Божјата одредба, добрата и лошата.“
Одговор: Верувањето во Возвишениот Аллах значи: Да веруваш дека Аллах е твојот Создател и Снабдувач, дека е единствениот Владетел и Управител со сè што е создадено. Тој е единствениот вистински Бог кој со право се обожува. Тој е Создателот и Управителот со сè, и само Тој го има правото да пресудува и да востанови законодавството, без никакви партнери.
Тој е Величествен, Возвишен, Совршен и Нему му припаѓа сета благодарност. Тој исто така, ги поседува најубави имиња и совршени својства, никој не Му е рамен и никој не Му е сличен.
Верувањето во мелеците: Тие се суштества кои ги создаал Аллах од светлина, а целта на нивното создавање е постојано и целосно да Му бидат покорни и да Го обожуваат.
Возвишениот вели: „А мелеците се само робови почитувани. Тие не зборуваат сè додека Тој не им одобри и постапуваат така како што Тој ќе им нареди.“ (Ел Енбија, 26-27)
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Мелеците се создадени од светлина.“ (Муслим)
Еден од мелеците е Џибрил, кој ја доставувал Божјата објава до Божјите пратеници. Возвишениот вели: „И Куранот сигурно е објава од Господарот на световите; поверливиот Џибрил го донесува на срцето твое, за да опоменуваш, на јасен арапски јазик.“ (Еш Шуара, 192-195)
Верувањето во Книгите: Тоа се книгите кои Аллах им ги објавил на Своите пратеници:
Куран: објавен на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем.
Инџил: објавен на Иса, алејхи селам.
Теврат: објавен на Муса, алејхи селам.
Зебур: објавен на Давуд, алејхи селам.
Сухуфите (списите): објавени на Ибрахим и Муса.
Верувањето во Божјите пратеници: Тие се оние кои Аллах ги испратил до своите робови за да ги поучат, да им донесат радосни вести за доброто и Џенетот, и да ги предупредат од злото и Џехенемот.
Најдобрите меѓу нив се „Улул-азм“, односно посебно одбраните пратеници, а тие се:
- Нух, алејхи селам.
- Ибрахим, алејхи селам.
- Муса, алејхи селам.
- Иса, алејхи селам.
- Мухамед, салаллаху алејхи ве селем.
Верувањето во Судниот ден: Тоа е верување во животот по смртта, кој започнува во гробот и продолжува на оној свет. На Судниот ден, сите суштества ќе бидат оживеани и ќе им се суди за нивните дела, кога жителите на Џенетот ќе ги населат своите вечни домови, а жителите на Огнот ќе ги населат своите вечни домови.
Возвишениот вели: „Секое живо суштество смртта ќе ја вкуси и само на Судниот ден во потполност ќе ги добиете платите ваши! Па кој ќе биде од огнот оддалечен и во Џенетот воведен, успеал! А животот на овој свет е само лажно насладување!“ (Али Имран, 185)
Верувањето во кадерот, одредбата - и добрата и лошата:
Кадер: Тоа е верување дека Аллах знае сè што се случува во универзумот, дека го запишал тоа во Левхил махфуз (внимателно чуваната Плоча), дека сакал тие настани да се случат и дека ги создал.
Возвишениот вели: „Ние навистина сè со мерка (одредба) создаваме.“ (Ел Камер, 49)
Кадерот има четири степени:
Прв степен : Аллаховото знаење, кое опфаќа сè што се случува, вклучувајќи го Неговото знаење пред и по настаните.
Доказ за ова се Аллаховите зборови: „Само Аллах знае кога Крајот на светот ќе настапи, само Тој го спушта дождот и само Тој знае што е во матките, а човекот не знае што ќе заработи утре и човекот не знае во која земја ќе умре; Аллах навистина сè знае и за сè е известен.“ (Лукман, 34)
Втор степен: Аллах сето тоа го запишал во Левхил махфуз (внимателно чуваната Плоча), така што сè што се случило и ќе се случи е запишано во Неговата книга.
Доказ за ова се Аллаховите зборови: „Кај Него се клучевите на сите тајни, само Тој ги знае, и Тој Единиот знае што има на копното и што е во морето, и ниту еден лист не паѓа, а Тој за него да не знае; и нема зрно во темнините на Земјата, ниту нешто посвежо ниту нешто посуво, ништо што не е во Јасната Книга.“ (Ел Енам, 59)
Трет степен: Сè што се случува е во согласност со Аллахова волја. Сè што Тој прави, или што го прават Неговите созданија, се случува според Неговата волја. Човекот има избор, волја и желба, но тие се остваруваат само ако се си според Аллаховата волја.
Доказ за ова се Аллаховите зборови: „За оној од вас кој сака да е на Вистинскиот пат, а вие не можете ништо да сакате, ако тоа Аллах, Господарот на световите, не го сака!“ (Ет Теквир, 28-29)
Четврт степен: Верувањето дека сите созданија се создадени од Аллах, вклучувајќи ги нивните битија, особини, движења и сè што ги сочинува.
Доказ за ова се Аллаховите зборови: „Аллах ве создава вас и тоа што го правите.“ (Ес Сафат, 96)
Одговор: Куранот е говорот на Возвишениот Аллах, и истиот не е создаден.
Возвишениот вели: „Ако некој од многубошците те замоли за заштита, ти заштити го за да ги чуе Аллаховите зборови.“ (Ет Теуба, 6)
Во еден хадис се вели дека : „Вредноста на Аллаховиот говор над останатите говори е како вредноста на Аллах над Неговите созданија.“ (Тирмизи)
Одговор: Новотарија е сè она кое луѓето го вовеле во верата, а не било дел од верата во времето на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и неговите асхаби.
Новотаријата не ја прифаќаме, туку сме обврзани да ја отфрлиме.
Доказ за ова е хадисот во кој Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Секоја новотарија е заблуда.“ (Ебу Давуд)
Како и хадисот во кој тој, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој прави дело кое не е од нашата вера, ќе му биде отфрлено.“ (Муслим)
Пример за новотарија е додавање на нешто во ибадетот, како на пример, при абдест да се мијат деловите од телото четири пати, или прославување на раѓањето на Пратеникот (мевлуд). Таквите постапки не се пренесени ниту од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ниту од неговите асхаби.
Одговор: Ел-вела значи љубов кон верниците и нивно помагање.
Возвишениот вели: „А верниците и верничките се пријатели едни со други.“ (Ет Теуба, 71)
Ел-бера значи презир кон неверниците и непријателство спрема нив.
Возвишениот вели: Прекрасен пример за вас е Ибрахим и тие што беа со него кога на народот свој му рекоа: „Ние со вас немаме ништо, а ниту со тие што вие, наместо Аллах, ги обожувате; ние се одрекуваме од вас, и непријателство и омраза помеѓу нас постојано ќе се јавува сè додека во Аллах, во Него Единиот, не поверувате!“ (Ел Мумтехине, 4)
Одговор: Пример за неверување/неверие со зборови е пцуењето и навредувањето на Аллах и Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.
Пример за неверство со дела е омаловажување на Мусхафот или правење сеџда/поклонување ничкум на некој друг покрај Аллах.
Пример за неверство со убедување: Убедување дека постои некој покрај Аллах кој заслужува да му се прави ибадет или дека постои друг создател освен Него.
Одговор: 1. Голем нифак (нифак во убедување): Криење на неверството и изразување/покажување на иманот.
Со ова човекот излегува надвор од рамките на исламот и се смета за големо неверство.
Возвишениот вели: ,,Лицемерите на самото дно на Џехенемот ќе бидат и ти нема да им најдеш помагач.'' (Ен Ниса, 145)
2. Мал нифак (лицемерие во дела): Пример за тоа е лажењето, неисполнувањето на ветувањата, злоупотребата на довереното.
Со овој вид на нифак човек не излегува надвор од рамките на исламот, но истиот е грев за кој сторителот е изложен на (можна) казна.
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Лицемерот има три знаци: кога зборува - лаже, кога ветува - не исполнува, и кога нешто му се доверува - изневерува." (Бухари и Муслим)
Одговор: Тоа е Мухамед, салаллаху алејхи ве селем.
Возвишениот вели: ,,Мухамед не е татко никому од вашите луѓе, туку е Аллахов Пратеник и последен веровесник." (Ел Ахзаб, 40)
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Јас сум последниот веровесник и по мене нема да има друг веровесник." (Ебу Давуд, Тирмизи и други)
Одговор: Муџиза се сите натприродни појави/знаци/чуда кои Аллах им ги дал на своите пратеници како доказ за нивната вистинитост.
Како примери ќе ги наведеме: преполувањето на Месечината за веровесникот Мухамед, салаллаху алејхи ве селем. Возвишениот вели: ,,Се ближи Часот и Месечината се преполови! А тие, секогаш кога ќе видат чудо, се вртат и велат: ,Непрекината магија!' Тие не веруваат и се поведуваат по своите желби, а сè е веќе одредено." (Ел Камер, 1-3)
Исто така и раздвојувањето на морето за Муса, алејхи селам, и потопувањето на фараонот и неговата војска. Возвишениот вели: ,,И кога поради вас морето го раздвоивме и ве спасивме, а луѓето на фараонот пред ваши очи ги потопивме!" (Ел Бекаре, 50)
Одговор: Асхаб е секој оној кој го сретнал Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како верник (верувал во него) и умрел како муслиман.
Треба да ги сакаме и да го следиме нивниот пример. Тие се најдобрите луѓе, по веровесниците.
Најдобрите меѓу нив се четворицата халифи:
Ебу Бекр,
Омер,
Осман,
и Али, Аллах нека е задоволен со нив.
Споменувајќи ги асхабите, Аллах нека е задоволен со сите нив, Возвишениот Аллах вели: „Аллах е задоволен од првите муслимани, мухаџирите и енсариите, и од сите тие кои ги следат правејќи добри дела. А и тие се задоволни од Него: Тој за нив подготви џенетски градини низ кои реки ќе течат и тие вечно и засекогаш во нив ќе живеат. Тоа е голем успех." (Ет Теубе, 100)
Одговор: Треба да ги сакаме и да ги сметаме за блиски, како и да ги презираме оние кои ги презираат. Не треба да претеруваме во нашата љубов кон нив. Во семејството на Пратеникот се вбројуваат неговите сопруги, потомството и верниците од племето Бену Хашим и потомците на Муталиб.
Возвишениот вели: ,,Аллах сака од вас, о, семејство на Пратеникот, гревовите да ги отстрани, и потполно да ве исчисти." (Ел Ахзаб, 33)
Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Ве потсетувам, во името на Аллах, на моето семејство. Ве потсетувам, во името на Аллах, на моето семејство. Ве потсетувам, во името на Аллах, на моето семејство.“ (Муслим)
Одговор: Нашата обврска е да ги почитуваме, да ги слушаме и да им бидеме покорни во сè што не е грев. Треба да правиме дова за нив, приватно да ги советуваме и да не се бунтуваме против нив, освен ако видиме јасно неверство.
Возвишениот вели: ,,О, верници, покорувајте Му се на Аллах и покорувајте му се на Пратеникот и на вашите претпоставени. А ако не се сложувате во нешто, обратете им се на Аллах и на Пратеникот, ако верувате во Аллах и во оној свет! Тоа е подобро и последиците се поубави." (Ен Ниса, 59)
Одговор: Стравот е чувството на стравопочит и страв од Аллах и Неговата казна.
Надежта е да ја присакуваме наградата, прошката и милоста на Аллах.
Доказ за ова се Аллаховите зборови: ,,Тие на коишто овие им се молат, самите бараат начин како што повеќе да Му се приближат на својот Господар, и се надеваат на милоста Негова и се плашат од казната Негова. А од казната на Господарот твој секој треба да се чува." (Ел Исра, 57)
Возвишениот исто така вели: ,,Кажи им на робовите Мои дека Јас, навистина, Сум Тој што простува и дека Сум Милостив, но и дека Мојата казна, навистина е болна казна!" (Ел Хиџр, 49-50)
Одговор: Аллах: Значи единствениот и вистински бог кој заслужува да биде обожуван, никој не му е рамен.
Ер-Раб (Господар): Единиот Создател, Владетел, Снабдувач и Управител.
Ес-Семи’: Тој што сè слуша, го слуша секој глас поединечно, без оглед на разновидноста и различноста на истите.
Ел-Бесир: Тој што сè гледа, било да е мало или големо.
Ел-Алим (Тој што сé знае): Тој чие знаење ги опфаќа сите работи од минатото, сегашноста и иднината.
Ер-Рахман (Милостивиот): Тој чијашто милост ги опфаќа сите создадени и живи суштества. Сите луѓе и сите суштества ги опфаќа Неговата милост.
Ер-Реззак (Снабдувач): Тој што ги обезбедува со сѐ што им е потребно сите суштества: луѓето, џините и сите останати.
Ел-Хајј (Живиот): Тој што не умира, а сите суштествата умираат.
Ел-'Азим (Величествениот, Моќниот): Оној кој го поседува сето совршенство и возвишеност, во Неговите имиња, својства и дела.
Ел-Хаким (Мудриот): Тој создал сѐ со мудрост, прецизност и убавина, и кој има мудрост во своето создавање и наредби.
Ел-Хикме - Мудроста: Поставување на работите на нивните вистински места и доделување на нивните соодветни позиции.
Одговор: Ги сакаме и им се обраќаме за верските прашања. Ги спомнуваме само по добро, а оној што ги спомнува по лошо, не го следи вистинскиот пат.
Возвишениот вели: ,,Аллах на високи степени ќе ги воздигне тие што веруваат и на коишто им е дадено знаење. А Аллах добро го знае тоа што го правите." (Ел Муџадила, 11)
Одговор: Верувањето ги опфаќа зборовите, делата и убедувањето.
Тоа е изразено преку изговарање со јазикот, убедувањето и делата со срцето, и другите практични дела на човекот.
Во еден хадис од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен од него, се пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Верувањето има повеќе од седумдесет - или повеќе од шеесет - гранки. Највредната од нив е изјавата: ,Ла илахе иллаллах - Нема друг вистински бог освен Аллах’, а најниската е отстранувањето на пречка од патот. Срамежливоста е исто така огранок на верувањето.“ (Муслим)
Одговор: Верувањето се зголемува со покорност и се намалува со грешење.
Возвишениот вели: „Вистински верници се само тие чиишто срца со страв се исполнуваат кога Аллах се спомнува, а кога зборовите Негови им се кажуваат, верувањето им го зголемуваат и само на Господарот свој се потпираат." (Ел Енфал, 2)
Одговор: Тевекул значи да се потпреме на Аллах, верувајќи дека само Тој може да ни донесе корист и да отстрани штета, додека ние ги преземаме сите потребни мерки.
Возвишениот вели: „Тој што се потпира на Аллах, Тој му е доволен.“ (Ет Талак, 3)
„Доволен" значи дека нема потреба од никого освен од Аллах.
Одговор: Добро (ма’руф) значи наредба на секоја покорност кон Возвишениот Аллах. Зло (Мункер) значи забрана на секој грев кон Возвишениот Аллах.
Возвишениот вели: ,,Вие сте најдобриот народ кој воопшто се има појавено: барате да се чини добро, а одвраќате од зло, и верувате во Аллах!" (Али Имран, 110)
Одговор: Тоа се сите оние кои се придржуваат до она што го практикувал Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и неговите асхаби во говор, дело и верување.
- Наречени се следбеници на сунетот, затоа што го следат Сунетот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и ги избегнуваат новотариите.
- Наречени се џемат, затоа што се обединети во вистината и не се разединуваат во неа.
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Евреите се поделија на седумдесет и две групи, а мојот умет ќе се подели на седумдесет и три групи. Сите ќе бидат во огнот освен една.“ Го прашаа: „Која е таа, о Аллахов Пратенику?“ Тој одговори: „Оние кои се придржуваат кон она на што сум јас и моите асхаби.“ (Тирмизи)