Област на толкување на Куранот (тефсир)
Одговор: Сурата Ел Фатиха и нејзиното толкување:
🎧 „Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот!“ (1) 🎧 „Сета благодарност Му припаѓа на Аллах, Господарот на световите.“(2) 🎧 „Семилосниот, Милостивиот.“(3) 🎧 „Владетелот на Судниот ден.“(4) 🎧 „Само Тебе Те обожуваме и само од Тебе помош бараме!“(5) 🎧 „Упати нè на Правиот пат.“(6) 🎧 „На патот на тие на коишто благодатта им ја подари, а не на тие коишто гневот го предизвикаа ниту на тие што заталкаа!“ (7) (Ел Фатиха, 1-7)
Тефсир-толкување на поглавјата и ајетите:
Сурата Ел Фатиха (во превод - Отворање) е наречена така бидејќи со неа започнува Аллаховата Книга.
1. „Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот!“ Во името на Аллах започнувам со читање на Куранот, барајќи ја Неговата помош и благослов преку спомнување на Неговото име.
Аллах: Единиот вистински Бог кој заслужува да биде обожуван, и никој друг не смее да се нарекува со ова име.
Ер Рахман (Милостивиот): Оној кој поседува бескрајна милост која ги опфаќа сите суштества.
Ер Рахим (Семилосниот): Оној кој посебно е милостив кон верниците.
2. „Сета благодарност Му припаѓа на Аллах, Господарот на световите.“: Сите пофалби, благодарности и совршенства Му припаѓаат единствено на Аллах.
3. „Семилосниот, Милостивиот.“: Оној кој поседува бескрајна милост што ги опфаќа сите работи, и Оној кој ја поседува милоста што стигнува до верниците.
4. „Владетелот на Судниот ден.“: Кијаметскиот ден
5. „Само Тебе Те обожуваме и само од Тебе помош бараме!“: Ние само Тебе те обожуваме и никого друг, и само од Тебе бараме помош.
6. „Упати нè на Правиот пат.“: Тоа е патот следењето на исламот и спроведувањето на сунетот.
7. „На патот на тие на коишто благодатта им ја подари, а не на тие коишто гневот го предизвикаа ниту на тие што заталкаа!“: Патот на праведните Аллахови робови, пратениците и нивните следбеници, а не патот на христијаните и евреите.
Сунет е по читањето да се каже: „Амин“, што значи: „Господару наш, прими ги нашите дови“.
Одговор: Сурата Ел Зилзал и нејзиното толкување:
🎧 Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот!
🎧 „Кога Земјата со својот најжесток потрес ќе се потресе.“ (1) 🎧 „И кога Земјата тежините свои ќе ги исфрли.“ (2) 🎧 „И кога човекот ќе извика: ,Што ѝ е?!'“ - (3) 🎧 „Тој Ден, таа, вестите свои ќе ги кажува.“ (4) 🎧 „Бидејќи Господарот твој ќе ѝ нареди.“ (5) 🎧 „Тој Ден луѓето одделно ќе се појават за делата нивни да им се покажат;“(6) 🎧 „Тој што дури и трошка добро ќе стори – ќе го види.“ (7) 🎧 „И тој што дури и трошка зло ќе стори – ќе го види!“ (8) (Ел Зилзал, 1-8)
Тефсир:
1. „Кога Земјата со својот најжесток потрес ќе се потресе.“: Кога Земјата ќе се затресе силно, по што ќе настапи Судниот ден.
2. „И кога Земјата тежините свои ќе ги исфрли.“ И кога Земјата ќе го исфрли сето она што се наоѓа во нејзината внатрешност, како што се мртвите и другите.
3. „И кога човекот ќе извика: ,Што ѝ е?!'“: И човекот, збунет, ќе извика и ќе праша: ,,Што ѝ е на Земјата што се тресе и не се смирува?“
4. „Тој Ден, таа, вестите свои ќе ги кажува.“: На тој голем ден, Земјата ќе сведочи за сето добро и зло што било направено на неа.
5. „Бидејќи Господарот твој ќе ѝ нареди.“: Затоа што Аллах ја известил и ѝ наредил да го направи тоа.
6. „Тој Ден луѓето одделно ќе се појават за делата нивни да им се покажат;“: На тој голем ден, кога Земјата ќе се затресе, луѓето ќе излезат од неа одвоено за да полагаат сметка и да им бидат покажани нивните дела што ги правеле на овој свет.
7. „Тој што дури и трошка добро ќе стори – ќе го види.“: Секој што ќе направи добро дело, макар и мало колку мравка, ќе го види пред себе.
8. „И тој што дури и трошка зло ќе стори – ќе го види!“: И секој што ќе направи зло, макар и најмалото, исто така ќе го види пред себе.
Одговор: Сура Ел Адијат и нејзиното толкување:
🎧 Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот!
🎧 „Се колнам во тркачките коњи задишани. (1) 🎧 па искри искрат, (2) 🎧 и кои в зори напаѓаат, (3) 🎧 и трчајќи прав креваат (4) 🎧 и така во него заеднички влегуваат. (5) 🎧 Човекот, навистина, на својот Господар Му е неблагодарен (6) 🎧 и самиот за тоа, навистина е свесен, (7) 🎧 и тој, навистина, по богатството е алчен. (8) 🎧 А зарем тој не знае дека, кога ќе бидат оживеани тие што се во гробовите (9) 🎧 и кога ќе излезе на виделина тоа што е во срцата, (10) 🎧 Господарот нивен тој Ден, сигурно, сè за нив ќе знае?" (11) (Ел Адијат, 1-11)
Тефсир:
1. „Се колнам во тркачките коњи задишани.“: Аллах се колне во коњите кои трчаат, и се слуша нивниот глас и дишење поради силното трчање.
2. „Па искри искрат.“: Се колне во коњите кои, трчајќи силно по камењата, создаваат искри со своите копита.
3. „И кои в зори напаѓаат.“: Се колне во коњите со кои коњаниците свои рано наутро го напаѓаат непријателот.
4. „И трчајќи прав креваат.“: Со своето галопирање подигаат прашина.
5. „И така во него заеднички влегуваат.": Со своите коњаници се пробиваат во средината на толпата непријатели.
6. „Човекот, навистина, на својот Господар Му е неблагодарен.“: Навистина, човекот со својата неблагодарност го отфрла доброто кое Господарот го бара од него.
7. „И самиот за тоа, навистина е свесен.“: Навистина, тој е сведок на својата скржавост и не може да ја негира поради нејзината очигледност.
8. „И тој, навистина, по богатството е алчен.“: Навистина, тој е многу скржав поради својата силна љубов кон имотот.
9. „А зарем тој не знае дека, кога ќе бидат оживеани тие што се во гробовите.“: А зарем овој човек, измамен од овој свет, не знае дека кога Аллах ќе ги оживее мртвите од гробовите и ќе ги извади од земјата за пресметка и награда, работите нема да бидат како што ги замислувал?
10. „И кога ќе излезе на виделина тоа што е во срцата.“: Ќе се откријат и јасно ќе се покажат намерите и верувањата што биле скриени во срцата.
11. Господарот нивен тој Ден, сигурно, сè за нив ќе знае?": Тој Ден, Аллах ќе знае сè, бидејќи Нему ништо не му е скриено, и Тој ќе ги награди и казни нивните постапки според тоа што го заслужиле.
Одговор: Сурата Ел Кариа и нејзиното толкување:
🎧 Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот!
🎧 „Крајот на светот! (1) 🎧 Што е тоа крајот на светот? (2) 🎧 И што знаеш ти што е тоа крајот на светот? (3) 🎧 Тој ден луѓето ќе бидат како пеперутки раштркани, (4) 🎧 а планините како шарена волна растегната. (5) 🎧 На тој што добрите дела ќе му бидат тешки (6) 🎧 пријатен живот ќе живее, (7) 🎧 а на тој што добрите дела ќе му бидат лесни (8) 🎧 престојувалиштето негово ќе биде Хавие. (9) 🎧 А знаеш ли ти што е тоа Хавие? (10) 🎧 Тоа е огнот распламтен!“ (11) (Ел Кариа, 1-11)
Тефсир:
1. „Крајот на светот!“: Часот кога срцата ќе бидат потресени од огромен страв.
2. „Што е тоа крајот на светот?“: Кој е тој Час кога срцата ќе бидат потресени од огромен ужас?
3. „И што знаеш ти што е тоа крајот на светот?“: И што знаеш ти, о Пратенику, за тој Час кога срцата ќе бидат потресени од огромен страв? Тоа е Судниот ден.
4. „Тој ден луѓето ќе бидат како пеперутки раштркани.“: На тој ден, кога срцата на луѓето ќе бидат исполнети со ужас, тие ќе бидат како пеперутки, расфрлани на сите страни.
5. „а планините како шарена волна растегната.“: И планините ќе бидат како растресена волна во леснотијата на нивното придвижување и поместување.
6. „На тој што добрите дела ќе му бидат тешки.“: Оној чии добри дела ќе преовладуваат над лошите,
7. „Пријатен живот ќе живее.“: ќе живее пријатен живот во Џенетот.
8. „А на тој што добрите дела ќе му бидат лесни.“ А оној чии лоши дела ќе преовладуваат над добрите,
9. „Престојувалиштето негово ќе биде Хавие.“ неговото престојувалиште на Судниот ден ќе биде Џехенемот.
10. „А знаеш ли ти што е тоа Хавие?“: И знаеш ли, о Пратенику, што е тоа?
11. „Тоа е огнот распламтен!“: Тоа е оган со многу жестока топлина.
Одговор: Сурата Ет Текасур и нејзиното толкување:
🎧 Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот!
🎧 „Ве окупира натпреварувањето во умножувањето на богатството (1) 🎧 сè додека гробовите не ги населите. (2) 🎧 А не чини така, ќе дознаете секако! (3) 🎧 И уште еднаш, не чини така, ќе дознаете сигурно! (4) 🎧 Не чини така, знајте уверливо, (5) 🎧 Џехенемот ќе го видите сигурно! (6) 🎧 И уште еднаш, навистина ќе го видите уверени целосно! (7) 🎧 Потоа, тој Ден, за убавиот живот ќе бидете прашани сигурно!“ (8) (Ет Текасур, 1-8)
Тефсир:
1. „Ве окупира натпреварувањето во умножувањето на богатството.“: О луѓе, фалењето со вашите имоти и деца ве одвлекува од покорноста кон Аллах.
2. „Сè додека гробовите не ги населите.“: Сè додека не умрете и не влезете во гробовите.
3. „А не чини така, ќе дознаете секако!“: Но, не дозволувајте тоа да ве одвлекува од покорноста кон Аллах, бидејќи наскоро ќе го дознаете исходот од сето тоа.
4. „И уште еднаш, не чини така, ќе дознаете сигурно!“: Па несомнено, сигурно ќе го дознаете исходот од тоа.
5. „Не чини така, знајте уверливо.“: Навистина, да бевте сигурни дека Аллах ќе ве оживее и ќе ве награди или казни според вашите дела, фалењето со имотите и децата немаше да ве преокупира.
6. „Џехенемот ќе го видите сигурно!“: Се колнам во Аллах, ќе го видите Огнот на Судниот ден.
7. „И уште еднаш, навистина ќе го видите уверени целосно!": И повторно, сосема сигурно ќе го видите, без никакво сомнение.
8. „Потоа, тој Ден, за убавиот живот ќе бидете прашани сигурно!“: Тој ден Аллах ќе ве праша за вашите благодати, како што се здравјето, богатството и слично.
Одговор: Сурата Ел Аср и нејзиното толкување:
🎧 Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот!
🎧 „Се колнам во времето, (1) 🎧 човекот навистина губи, (2) 🎧 освен тие коишто веруваат и коишто прават добри дела, и коишто едни со други си ја препорачуваат вистината, и коишто едни со други си ја препорачуваат трпеливоста.“ (3) (Ел Аср, 1-3)
Тефсир:
1. „Се колнам во времето.“: Аллах се колне во времето.
2. „Човекот навистина губи.“ Навистина, секој човек е во пропаст и загуба.
3. „Освен тие коишто веруваат и коишто прават добри дела, и коишто едни со други си ја препорачуваат вистината, и коишто едни со други си ја препорачуваат трпеливоста.“ Освен оние кои веруваат и прават добри дела, и покрај тоа повикуваат кон вистината и се трпеливи ви на неа, тие се спасените од загубата.
Одговор: Сурата Ел Хумезе и нејзиното толкување:
🎧 Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот!
🎧 „Тешко му на секој клеветник – потсмевач, (1) 🎧 кој богатството го натрупува и го пребројува, (2) 🎧 и мисли дека богатството негово бесмртен ќе го стори! (3) 🎧 А не чини така! Тој секако ќе биде фрлен во Хутаме! (4) 🎧 А знаеш ли ти што е Хутаме? (5) 🎧 Огнот Аллахов разгорен, (6) 🎧 кој до срцата ќе допира. (7) 🎧 Тој над нив ќе биде затворен, (8) 🎧 со огнени столбови засводен". (9) (Ел Хумезе, 1-9)
Тефсир:
1. „Тешко му на секој клеветник – потсмевач.“: Тешка закана и казна го чека оној кој ги озборува и навредува луѓето.
2. „Кој богатството го натрупува и го пребројува.“ Тоа е оној кој се грижи само за собирањето и пребројувањето на богатства, без никаква друга грижа или стремеж.
3. „И мисли дека богатството негово бесмртен ќе го стори!“ Покрај тоа, тој мисли дека имотот што го собира ќе го заштити од смртта и ќе му обезбеди вечен живот на овој свет.
4. „А не чини така! Тој секако ќе биде фрлен во Хутаме!“: Но, тој незнајко не треба така да мисли, бидејќи тоа нема да се случи! Тој сигурно ќе биде фрлен во Џехенемскиот оган, кој ќе стресе и ќе скрши сè што ќе влезе во него.
5. „А знаеш ли ти што е Хутаме?“ А знаеш ли ти, о Пратенику, што е тоа оган кој ќе уништи и скрши сè што ќе биде фрлено во него?!
6. „Огнот Аллахов разгорен.“: Навистина, тоа е Аллаховиот разгорен оган.
7. „Кој до срцата ќе допира.“: Кој ќе продира низ телата на луѓето и ќе стигнува до нивните срца.
8. „Тој над нив ќе биде затворен.“: Над оние кои ќе бидат казнети со огнот ќе биде затворено,
9. „Со огнени столбови засводен.“: И огнот ќе ги покрива со долги столбови за да не можат да избегаат.
Одговор: Сурата Ел Фил и нејзиното толкување:
🎧 Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот!
🎧 „Зарем не си слушнал, со сопствениците на слонот, Господарот твој што стори? (1) 🎧 Зарем лукавштината нивна не ја спречи (2) 🎧 и против нив јата птици прати, (3) 🎧 кои врз нив камења од глина печена фрлаа, (4) 🎧 па Тој, како листови коишто гасениците ги изеле, ги стори?" (5) (Ел фил, 1-5)
Тефсир:
1. „Зарем не си слушнал, со сопствениците на слонот, Господарот твој што стори?“: Зарем не си чул, о Пратениче, што направи твојот Господар со Ебреха и неговите другари, сопствениците на слонот, кога сакаа да ја срушат Ќабата?
2. „Зарем лукавштината нивна не ја спречи.“: Аллах ги уништи нивните зли планови за рушење на Ќабата, па тие не успеаја да ги одвратат луѓето од неа и не постигнаа ништо.
3. „И против нив јата птици прати.“: И испрати врз нив птици кои долетаа, јато по јато.
4. „Кои врз нив камења од глина печена фрлаа.“: Ги гаѓаа со камења од печена и цврста глина.
5. „Па Тој, како листови коишто гасениците ги изеле, ги стори?“: Аллах ги стори како изедени листови од инсектите.
Одговор: Сурата Курејш и нејзиното толкување:
🎧 Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот!
🎧 „Заради навиката на Курејшиите, (1) 🎧 навиката нивна зиме и лете да патуваат, (2) 🎧 Господарот на овој храм нека Го обожуваат, (3) 🎧 Кој гладните ги храни и од страв ги брани.“ (4) (Курејш, 1-4)
Тефсир:
1. „Заради навиката на Курејшиите.“: Се однесува на нивната навика и практика да патуваат во зимскиот и летниот период.
„Навиката нивна зиме и лете да патуваат.“: Навиката да патуваат безбедно во зима до Јемен и во лето до Шам.
3. „Господарот на овој храм нека Го обожуваат.“: Нека го обожуваат само Господарот на овој свет храм, кој им го олесни патувањето, и нека не Му припишуваат никого како здруженик.
4. „Кој гладните ги храни и од страв ги брани.“: Тој ги храни кога се гладни и ги штити од страв, влевајќи почит кон храмот и кон жители на Мека во срцата на Арапите.
Одговор: Сурата Ел Маун и нејзиното толкување:
🎧 Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот!
🎧 „Го знаеш ли ти тој што оној свет го негира? (1) 🎧 Па тоа е тој што сирачето грубо го одбива, (2) 🎧 и кој, да се нахрани сиромавиот, не поттикнува. (3) 🎧 А тешко на тие што, кога намазот (молитвата) го извршуваат, (4) 🎧 намазот свој како што треба не го извршуваат, (5) 🎧 коишто само се преправаат (6) 🎧 кои никому на заем не даваат!“ (7) (Ел Маун, 1-7)
Тефсир:
1. „Го знаеш ли ти тој што оној свет го негира?“: Дали знаеш за оној кој ги негира одговарањето и давањето сметка на Судниот ден?!
2. „Па тоа е тој што сирачето грубо го одбива.“: Тоа е оној кој грубо го одбива сирачето од неговите потреби.
3. „И кој, да се нахрани сиромавиот, не поттикнува.“: Ниту себеси, ниту другите ги поттикнува да се нахранат сиромашните.
4. „А тешко на тие што, кога намазот (молитвата) го извршуваат.“: Пропаст и страдање ги чека оние кои го извршуваат намазот,
5. „Намазот свој како што треба не го извршуваат.“: но се сосема немарни кон него и го одложуваат надвор од неговото време.
6. „Коишто само се преправаат.“: Оние кои се преправаат во своите намази и дела, и не се искрени во својата намера кон Аллах.
7. „Кои никому на заем не даваат!“: И одбиваат да им помогнат на другите, дури и кога тоа не би им наштетило.
Одговор: Сурата Ел Кевсер и нејзиното толкување:
🎧 Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот!
🎧 „Ние навистина ти ја дадовме Кевсер.“ (1) 🎧 „Па затоа моли Му се на Господарот свој и курбан коли,“ (2) 🎧 „А тој што те мрази - сигурно без помен ќе остане.“ (3) (Ел Кевсер, 1-3)
Тефсир:
1. „Ние навистина ти ја дадовме Кевсер.“: Ние ти дадовме многу благодати, о Пратенику, меѓу кои е и реката Кевсер во Џенетот.
2. „Па затоа моли Му се на Господарот свој и курбан коли.“: Биди благодарен за тие благодати, клањајќи се само на Него и принесувајќи Му жртва, за разлика од многубошците кои принесуваа жртви на своите идоли.
3. „А тој што те мрази - сигурно без помен ќе остане.“: Оној кој те мрази е лишен од секое добро, ќе биде заборавен, а ако се спомне, ќе биде спомнат по зло.
Одговор: Сурата Ел Кафирун и нејзиното толкување:
🎧 Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот!
🎧 „Кажи: „О, вие неверници, (1) 🎧 јас нема да ги обожувам тие што вие ги обожувате, (2) 🎧 а ниту пак вие ќе Го обожувате Тој што јас Го обожувам; (3) 🎧 јас не сум ги обожувал тие што вие сте ги обожувале, (4) 🎧 а ниту пак вие сте Го обожувале Тој што јас Го обожувам. (5) 🎧 Вам - вашата вера, а мене - мојата вера!“ (6) (Ел Кафирун, 1-6)
Тефсир:
1. ,,Кажи: „О, вие неверници.“: Кажи, о Пратенику: О, вие кои не верувате во Аллах.
2. „Јас нема да ги обожувам тие што вие ги обожувате.“: Јас ниту сега, ниту во иднина нема да ги обожувам вашите идоли,
3. „А ниту пак вие ќе Го обожувате Тој што јас Го обожувам.“: а ниту вие нема да го обожувате Оној кого јас го обожувам, односно само Аллах, Единствениот.
4. „Јас не сум ги обожувал тие што вие сте ги обожувале.“: Ниту јас ги обожавам вашите кипови,
5. „А ниту пак вие сте Го обожувале Тој што јас Го обожувам.“: ниту вие го обожувате Оној кого јас го обожувам, односно само Аллах.
6. „Вам - вашата вера, а мене - мојата вера!“: Вам вашата вера што сами сте ја измислиле, а мене мојата што ми ја објави Аллах.
Одговор: Сурата Ен Наср и нејзиното толкување:
🎧 Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот!
🎧 „Кога Аллаховите помош и победа ќе дојдат, (1) 🎧 и гледаш како луѓето во групи влегуваат во Аллаховата вера, (2) 🎧 ти слави Го Господарот свој благодарејќи Му и моли Го да ти прости, Тој навистина покајанието го прима.“ (3) (Ен Наср, 1-3)
Тефсир:
1. „Кога Аллаховите помош и победа ќе дојдат.“: Кога Аллах ќе ја помогне твојата вера, о Пратенику, и ќе ја зајакне, и кога Мека ќе биде ослободена.
2. „И гледаш како луѓето во групи влегуваат во Аллаховата вера.“: И кога ќе видиш дека луѓето масовно го прифаќаат исламот во големи групи, една по друга,
3. „Ти слави Го Господарот свој благодарејќи Му и моли Го да ти прости, Тој навистина покајанието го прима.“: знај дека тоа значи дека твојата мисија, со која те испрати Аллах, е при крај. Затоа, слави го својот Господар, заблагодари Му за помошта и победата, и барај прошка, бидејќи Тој навистина прима покајание од Своите робови и им простува.
Одговор: Сурата Ел Месед и нејзиното толкување:
🎧 Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот!
🎧 „Нека пропаднат рацете на Ебу Лехеб, и тој пропадна! (1) 🎧 Нема да му биде од корист богатството негово, а ни тоа што го стекнал, (2) 🎧 ќе влезе тој сигурно во огнот разгорен, (3) 🎧 и жена му која носи дрва; (4) 🎧 на вратот нејзин ќе има јаже од пламен исукано!“ (5) (Ел Месед, 1-5)
Тефсир:
1. „Нека пропаднат рацете на Ебу Лехеб, и тој пропадна!“: Нека пропаднат рацете на Ебу Лехеб, чичкото на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, синот на Абдул Муталиб, поради неговите лоши дела. Тој го вознемируваше Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и сите негови напори беа залудни.
2. „Нема да му биде од корист богатството негово, а ни тоа што го стекнал.“: Што ќе му користат неговиот имот и децата? Нема да го спасат од казната, ниту ќе му донесат милост.
3. „Ќе влезе тој сигурно во огнот разгорен.“: На Судниот ден ќе влезе во разгорениот оган и ќе ја почувствува неговата жештина.
4. „И жена му која носи дрва.“: Во огнот ќе влезе и неговата жена Уму Џемил, која го вознемируваше Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, фрлајќи трње по патот по кој одеше Пратеникот.
5. „На вратот нејзин ќе има јаже од пламен исукано!“: На нејзиниот врат ќе има јаже од пламен со кое ќе биде водена кон пеколниот оган.
Одговор: Сурата Ел Ихлас и нејзиното толкување:
🎧 Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот!
🎧 „Кажи: ,Тој е Аллах, Еден е! (1) 🎧 Аллах е прибежиште секому! (2) 🎧 Не родил и не е роден, (3) 🎧 и никој не Му е рамен!'“(4) (Ел Ихлас, 1-4)
Тефсир:
1. „Кажи: „Тој е Аллах, Еден е!“: Кажи, о Пратенику: Аллах е единствениот Бог, нема друг освен Него.
2. „Аллах е прибежиште секому!“: Сите суштества ги упатуваат своите потреби кон Него.
3. „Не родил и не е роден.“: Тој не родил никого, ниту пак Него некој го родил.
4. „И никој не Му е рамен!“: Никој од суштествата не може да се спореди со Него.
Одговор: Сурата Ел Фелек и нејзиното толкување:
🎧 Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот!
🎧 „Кажи: Барам заштита кај Господарот на мугрите (1) 🎧 од злото на тоа што Тој го создава, (2) 🎧 и од злото на мрачната ноќ кога ја распространува темнината, (3) 🎧 и од злото на дувачите во јазли, (4) 🎧 и од злото на завидливиот кога завидува!“ (5) (Ел Фелек, 1-5)
Тефсир:
1. „Кажи: „Барам заштита кај Господарот на мугрите.“: Кажи, о Пратенику: Се засолнувам кај Господарот на утрото и барам заштита од Него.
2. „Од злото на тоа што Тој го создава.“: Од злото што го нанесуваат суштествата.
3. „И од злото на мрачната ноќ кога ја распространува темнината.“: И барам заштита од Аллах од злото кое се појавува ноќе, како што се дивите животни и крадците.
4. „И од злото на дувачите во јазли.“: И барам заштита од Аллах од маѓепсничките кои дуваат во јазли.
5. „И од злото на завидливиот кога завидува!“: И барам заштита од злото на завидливците кои ги мразат луѓето поради благодатите што им ги дал Аллах, присакувајќи да ги изгубат и да ги снајде зло.
Одговор: Сурата Ен Нас и нејзиното толкување:
🎧 Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот!
🎧 Кажи: „Барам заштита кај Господарот на луѓето, (1) 🎧 Владетелот на луѓето, (2) 🎧 Богот на луѓето, (3) 🎧 од злото на тој што шепотејќи зли мисли внесува, па се крие, (4) 🎧 којшто зли мисли внесува во градите на луѓето (5) од џинните и од луѓето!“ (6) (Ен Нас, 1-6)
Тефсир:
1. „Кажи: ,Барам заштита кај Господарот на луѓето.'“: Кажи, о Пратенику: Се засолнувам кај Господарот на луѓето и ја барам Негова заштита.
2. „Владетелот на луѓето.“: Кој има апсолутна власт над нив и покрај кого никој друг нема моќ.
3. „Богот на луѓето.“: Тој кој единствено заслужува да биде обожуван, и освен кого никој друг не го заслужува тоа.
4. „Од злото на тој што шепотејќи зли мисли внесува, па се крие.“: Од злото на шејтанот кој му внесува лоши мисли на човекот.
5. „Којшто зли мисли внесува во градите на луѓето.“: Му внесува лоши мисли во срцето на човекот.
6. „Од џините и од луѓето!“: Тоа значи дека оној кој внесува лоши мисли може да биде и човек и џин.
*******