Оддел на разновидности
Одговор: 1. Ваџиб - задолжително; како петте дневни намази, постот во месецот Рамазан и почитта кон родителите.
- За извршување на ваџибот човекот ќе биде награден, а за неговото оставање е предвидена казна.
2. Мустехаб - препорачано; како сунет намазите, ноќниот намаз, делењето храна и поздравувањето со селам. Се нарекува и како сунет или мендуб.
- За извршувањето на препорачаните дела, човекот ќе биде награден, а за нивното изоставување нема да биде казнет.
Важна забелешка:
Кога муслиманот ќе слушне дека нешто е сунет или препорачливо, треба тоа да го направи следејќи ја праксата на Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем.
3. Мухаррем или харам - забрането; како пиењето алкохол, непослушноста кон родителите и кинењето на роднинските врски.
- За избегнување на харамот човекот ќе биде награден, а за неговото правење ќе биде казнет.
4. Мекрух: Неговото избегнување не е задолжително, како земањето и давањето со лева рака или подигањето на облеката за време на намазот.
- За избегнувањето на мекрухот, човекот ќе биде награден, а за неговото извршување нема да биде казнет.
5. Мубах - дозволено; Дозволен е избор помеѓу неговото избегнување и правење, како јадењето јаболко или пиењето чај. Се нарекува и дозволено и халал.
- За мубахот како нешто што е дозволено да се бира, не е предвидена награда ниту казна.
Одговор: 1. Измамата: Ова вклучува криење на недостаток на робата.
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, поминал покрај куп храна и ја ставил раката внатре. Кога почувствувал влага, го прашал продавачот: „Што е ова, сопственику на храната?“ Тој одговорил: „Ја намокри дождот, о, Аллахов Пратенику!“ Пратеникот тогаш рекол: „Зошто не го стави влажниот дел одозгора за да го видат луѓето? Кој мами, не е од мене (не е од нас)!“ (Муслим)
2. Камата: Пример за ова е кога позајмуваме илјада, под услов да вратиме две илјади.
Овој вишок е наречен камата и е забранет. Возвишениот вели: „А Аллах ја дозволил трговијата, а ја забранил каматата.“ (Ел Бекаре, 275)
3. Нејасно (гарар) и непознато: Пример за ова е продажба на млеко кое сè уште е во вимето на овцата или риба која сè уште не е уловена.
Во хадис се спомнува: Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, забрани продажба каде што има гарар (постои одредена нејасност, можна измама и непознаница). (Муслим)
Одговор: 1. Благодатта на исламот и тоа што не сум неверник.
2. Благодатта на сунетот и тоа што не си новотар.
3. Благодатта на здравјето и добросостојбата, како слухот, видот, одот и слично.
4. Благодатта на храната, пијалакот и облеката.
Аллаховите благодати кон нас се безбројни и не можат да се избројат.
Возвишениот Аллах вели: „Ако вие ги броите Аллаховите благодати, нема да ги наброите; Аллах навистина простува и Милостив е.“ (Ен Нахл, 18)
Одговор: Треба да бидеме благодарни на благодатите така што ќе го славиме Аллах и ќе Му искажуваме благодарност со зборови, признавајќи дека сите благодати доаѓаат од Него. Исто така, треба да ги користиме овие благодати на начин со кој е задоволен Аллах, а не да ги користиме во правењето гревови.
Возвишениот вели: „Па, сеќавајте се на Мене, и Јас ќе се сетам на вас. И заблагодарувајте Ми и не бидете неверници!“ (Ел Бекаре, 152)
Одговор: Рамазан Бајрам и Курбан Бајрам. Во хадисот на Енес, Аллах нека е задоволен со него, се вели: „Кога Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дојде во Медина, луѓето имаа два дена во кои се забавуваа. Тој праша: ‘Кои се овие два дена?’ Тие одговорија: ‘Се веселевме во нив во времето на незнаењето.’ Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: ‘Аллах ви ги замени со подобри празници: Денот на жртвата (Курбан Бајрам) и Денот на прекинот на постот (Рамазан Бајрам).’“ (Ебу Давуд)
Сите други празници освен овие два се сметаат за новотарија.
Одговор: 1. Сопствената душа која поттикнува на лошо: Ова се случува кога човекот ги следи своите страсти и желби во непослушност кон Аллах. Семоќниот вели: „Јас не се правдам себеси, та душата е склона кон злото, освен таа на која Господарот мој ќе ѝ се смилува. Господарот мој навистина простува и Семилосен е.“ (Јусуф, 53)
2. Шејтанот: Тој е непријател на потомството Адемово и неговата цел е да го одврати човекот од правиот пат, да го поттикне на зло и да го одведе во пеколот. Возвишениот вели: „И не следете ги шејтановите стапки бидејќи тој ви е очигледен непријател!“ (Ел Бекаре, 168)
3. Лошото друштво: Тие поттикнуваат на зло и го одвраќаат човекот од доброто. Возвишениот вели: „Тој Ден, тие коишто си беа пријатели, непријатели ќе станат, освен тие кои се плашеа од Аллах и кои се чуваа од гревовите.“ (Ез Зухруф, 67)
Одговор: 1. Напуштањето на гревот.
2. Искреното каење за направеното.
3. Цврстата одлука да не се повтори гревот.
4. Враќањето на правата и надоместувањето на штетите на нивните сопственици.
Возвишениот Аллах, вели: „И за тие кои, кога нешто лошо ќе сторат или себеси насилство ќе си сторат, на Аллах ќе се сетат и прошка за своите гревови молат - а кој ќе ги прости гревовите ако не Аллах? - и кои свесно во гревот не истрајуваат!“ (Али Имран, 135)
Одговор: Со него ќе бидеме сигурни во исправноста на зборовите, делата и верувањата, што носи среќа и благосостојба на овој и на идниот свет.
Во хадисот на Муавије бин Ебу Суфјан, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кому Аллах му посакува добро, ќе му даде разбирање на верата.“ (Бухари и Муслим)
„Ќе му даде разбирање на верата.“ Значи: ќе му даде знаење за шеријатските прописи.
Одговор: 1. Треба да го покрива целото тело.
2. Не треба да има украси.
3. Не треба да биде проѕирен.
4. Треба да биде широк, а не тесен.
5. Не треба да биде намирисан со парфем.
6. Не треба да личи на машката облека.
7. Не треба да личи на облеката на неверничките и тие што јавно прават гревови.
Возвишениот Аллах вели: „О, Веровеснику, кажи им на жените свои, и на ќерките свои, и на жените на верниците нека си го покријат целото тело со своите наметки. Така најлесно ќе бидат препознаени, па нема да бидат вознемирувани. А Аллах простува и Милостив е.“ (Ел Ахзаб, 59)
Значењето на ајетот: О, Пратенику, кажи им на жените свои, на ќерките свои и на жените на верниците да ги спуштат своите наметки преку главите и лицата за да ги покријат своите лица, гради и глави. Тоа е поблиску до тоа да бидат препознаени како скромни и ќе бидат заштитени, и нема да бидат изложени на непријатности или злоставување. Аллах простува и Милостив е бидејќи ви ги прости минатите гревови и покажа милост кон вас со тоа што ви ги разјасни дозволените и забранетите работи.
Одговор: Тоа е следењето на исламските учења, напуштањето на гревовите и непокорноста кон Аллах.
Возвишениот вели: „О, верници, ако Го помогнете Аллах, и Тој вам ќе ви помогне и чекорите ваши ќе ги зацврсти.“ (Мухамед, 7)
Семоќниот исто така вели: „Аллах нема да измени еден народ додека тој самиот не се измени.“ (Ер Рад, 11)
Одговор: Довата е една од најважните форми на покорност и најдобрите начини на приближување кон Аллах.
Возвишениот вели: Господарот ваш рече: „Повикајте Ме и замолете, Јас ќе ви се одѕвијам! Тие што од вообразеност не сакаат да Ме обожуваат – сигурно понижени ќе влезат во Џехенем.“ (Гафир, 60)
И Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: „Довата, во основа, е ибадет.“ (Ебу Давуд и Ибн Маџе)