Област на хадисот

Одговор: Од владарот на правоверните, Ебу Хафса, Омер бин Хатаб, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: „Го слушнав Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Навистина делата се вреднуваат според намерите, и навистина секој човек ќе го добие она што го имал како намера. Па, кој ќе направи хиџра заради Аллах и Неговиот Пратеник, неговата хиџра е за Аллах и Пратеникот; а кој ќе направи хиџра заради материјална/овосветска добивка, или заради жена да ја ожени, неговата хиџра е за она што за што ја направил.“ (Бухари и Муслим)
Некои придобивки од хадисот:
1. Секое дело мора да има своја намера, без разлика дали се работи за намаз, пост, аџилак, или нешто друго.
2. Намерата мора да биде искрена во името на Аллах.

Одговор: Од мајката на верниците, Уму Абдуллах Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, се пренесува дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе воведе во нашата вера, нешто ново, што не е од неа, ќе му биде отфрлено.“ (Бухари и Муслим)
Некои придобивки од хадисот:
1. Забрана за воведување новотарии во верата.
2. Новотариите во верата не се прифаќаат, туку се отфрлаат како неосновани.

Од Омер, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: "Еден ден, додека седевме кај Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се појави еден човек, со многу бела облека и многу црна коса, на кого не се забележуваа траги од патување, а и никој од нас не го познаваше. Па, седна до Веровесникот, доближувајќи ги своите колена до неговите колена и ставајќи ги своите дланки врз своите натколеници.
Потоа, рече: О Мухаммеде, извести ме за исламот? Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем рече: Исламот е: да сведочиш дека нема друг бог освен Аллах и дека Мухамед е Аллахов Пратеник, да клањаш намаз, да даваш зекат, да постиш Рамазан и да отидеш на аџилак во Мека ако имаш можност за тоа. Рече: Така е! па, се зачудивме... го праша и му потврди.

Праша:
Извести ме за иманот? Одговори: Да веруваш во Аллах, Неговите мелеци, Неговите книги, Неговите пратеници, Судниот ден и да веруваш во Одредбата - добрата и лошата. - рече: Така е!

Праша: Извести ме за ихсанот? Одговори: Да Го обожуваш Аллах како да Го гледаш, затоа што ако ти не Го гледаш, Тој сигурно те гледа!

Праша:
Извести ме за Последниот час? Одговори: Оној кој е прашан знае помалку за тоа од тој шти прашува! Рече: Тогаш, извести ме за неговите знаци? рече: Кога робинката ќе го роди својот господар и кога ќе забележиш, боси, голи и сиромашни пастири, како се натпреваруваат во висините на градбите.

Потоа, замина, а јас останав уште некое време.

Потоа, рече: О Омер, знаеш ли кој беше тој што прашува?

Реков:
Аллах и Неговиот Пратеник најдобро знаат. Рече: Тоа беше Џибрил, кој дојде да ве подучи во вашата вера." (Муслим)
Некои придобивки од хадисот:
1. Ги спомнува петте рукнови на исламот:
- Сведоштвото дека нема божество достојно за обожување освен Аллах и дека Мухамед е Божји пратеник.
- Извршување на намазот.
- Давање на зекатот.
- Постот во месецот рамазан.
- Аџилакот во светиот храм - Ќаба.
2. Ги спомнува шесте рукнови на иманот:
- Верувањето во Аллах.
- Во Неговите мелеци.
- Во Неговите книги.
- Во Неговите пратеници.
- Во Судниот ден.
- Во одредбата - добрата и лошата.
3. Го спомнува ихсанот, кој се состои од еден рукн: Да го обожуваш Аллах како да Го гледаш, затоа што ако ти не Го гледаш, Тој тебе сигурно те гледа.
4. Часот на настапувањето на Судниот ден го знае само Возвишениот Аллах.

Одговор: Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Најпотполн иман имаат оние верници кои се со најубаво однесување.“ (Тирмизи)
Некои придобивки од хадисот:
1. Поттик за убаво однесување.
2. Убавото однесување е показател за потполноста на верувањето.
3. Верувањето се зголемува и намалува.

Одговор: Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе се заколне во нешто друго освен Аллах, направил куфр или ширк.“ (Тирмизи)
Некои придобивки од хадисот:
1. Не е дозволено да се заколнуваме освен во Аллах.
2. Заколнувањето во нешто друго освен Аллах се смета за мал ширк.

Одговор: Енес, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Никој од вас нема да биде вистински верник сè додека не ме сака повеќе од неговиот татко, неговото дете и сите луѓе.“ (Бухари и Муслим)
Некои придобивки од хадисот:
1. Обврска е да го сакаме Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, повеќе од сите луѓе.
2. Љубовта кон Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, е показател на потполноста на верувањето.

Одговор:  Пренесува Енес, Аллах нека е задоволен со него, дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Никој од вас нема да биде вистински верник сè додека не го посакува за својот брат она што го посакува за себе.“ (Бухари и Муслим)
Некои придобивки од хадисот:
1. Верникот мора да му посакува добро на другиот верник, како што посакува за себе.
2. Оваа особина укажува на потполноста на верувањето.

Одговор: Ебу Сеид, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве, рекол: „Се колнам во Оној во чијашто рака е мојата душа, таа (сурата Ел Ихлас) вреди како третина од Куранот.“  (Бухари)
Некои придобивки од хадисот:
1. Вредноста на сурата Ел Ихлас.
2. Сурата Ел Ихлас вреди како третина од Куранот.

Одговор: Ебу Муса пренесува дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Зборовите: 'Ла хавла ве ла куввете илла биллах', се една од ризниците на Џенетот.“ (Бухари и Муслим)
Некои придобивки од хадисот:
1. Вредноста на овие зборови се огледа во тоа што тие се една од ризниците на Џенетот.
2. Човекот треба секогаш да се потпира само на Аллах, а не на својата сила.

Одговор: Нуман бин Бешир, Аллах нека е задоволен со него, рекол: Го слушнав Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: ,,Навистина, во телото има орган кој, ако е исправен, тогаш и целото тело е исправно, а ако е расипан, тогаш и целото тело е расипано. Тој орган е срцето."  (Бухари и Муслим)
Некои придобивки од хадисот:
1. Исправноста на срцето укажува на исправноста на надворешноста и внатрешноста.
2. Грижата за исправноста на срцето е важна, бидејќи со тоа се подобрува човекот.

Одговор: Муаз, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кому последните зборови на овој свет ќе му бидат: 'Ла илахе иллаллах', ќе влезе во Џенет." (Ебу Давуд)
Некои придобивки од хадисот:
1. Вредноста на зборовите „Ла илахе иллаллах“, и дека тие се причина верникот да влезе во Џенет.
2. Вредноста на оној чии последни зборови на овој свет ќе му бидат „Ла илахе иллаллах“.

Одговор: Абдулах бин Месуд, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Верникот не навредува, не проколнува, не е безобразен ниту бесрамен." (Тирмизи)
Некои придобивки од хадисот:
1. Забрана на секој вид на невистинит и грд говор.
2. Својството на верникот се гледа во неговиот говор.

Одговор: Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Од убавината на исламот - верата на еден човек, е да го остави она што не го засега." (Тирмизи и други)
Некои придобивки од хадисот:
1. Оставање на работи кои не го засегаат човекот, било да станува збор за нешто од верата или за овосветските прашања.
2. Оставањето на она што не го засега е знак на потполноста на неговиот ислам - неговото верување.

Одговор: Абдулах бин Месуд, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе прочита харф - буква од Аллаховата Книга, ќе има награда, и ќе биде десетократно награден. Јас не велам дека ‘Елиф-лам-мим’ е еден харф, туку ‘елиф’ е харф, ‘лам’ е харф и ‘мим’ е харф.“ (Тирмизи)
Некои придобивки од хадисот:
1. Вредноста на читањето на Куранот.
2. За секој харф/буква што ќе ја прочиташ ќе имаш награда.
*******