Област исламското воспитување (едеб).

Одговор: 1. Треба да Го величаме, Возвишен и Славен нека е Тој. Возвишениот Аллах вели: „Тие не Го величаа Аллах така како што треба да Го величаат; а целата Земја на Судниот ден во Неговата рака ќе биде, а небесата во Неговата десница стуткани ќе останат. Славен нека е Тој и високо над тие што за рамни Му ги припишуваат.“ (Ез Зумер, 67)
2. Само Него да Го обожуваме и да не Му припишуваме никого како здруженик. Возвишениот вели: „А наредено им е само Аллах да Го обожуваат, искрено, како правоверни, верата да Му ја исповедаат.“ (Ел Бејине, 5)
3. Да Му бидеме покорни. Возвишениот Аллах вели: „О, верници, покорувајте Му се на Аллах.“ (Мухамед, 33)
4. Да го оставиме грешењето кон Него. Возвишениот вели: „А тој што нема да им биде покорен на Аллах и на Неговиот Пратеник, и што преку границите Негови ќе преминува, Тој ќе го фрли во Огнот во кој вечно ќе остане. Нему му припаѓа срамна казна!“ (Ен Ниса, 14)
5. Треба да Му бидеме благодарни за безбројните благодати со кои нѐ обдарува. Аллах Славениот вели: „Бидете Му благодарни на Аллах за Неговите благодати, ако само Него Го обожувате.“ (Ен Нахл, 114)
6. Треба да бидеме трпеливи при она што Тој ни го одредил. Возвишениот вели: „И бидете трпеливи, бидејќи Аллах е навистина на страна на трпеливите!“ (Ел Енфал, 46)

Одговор: 1. Да го следиме и да го имаме за пример. Возвишениот Аллах вели: „Вие во Аллаховиот Пратеник имате прекрасен пример за тој што се надева на Аллаховата милост и на награда на оној свет, и кој често Го спомнува Аллах.“ (Ел Ахзаб, 21)
2. Да му бидеме покорни.
3. Да не бидеме непослушни кон него. Возвишениот вели: „Кој ќе му се покори на Пратеникот, Му се покорил и на Аллах; а кој главата ќе ја сврти, па Ние не те пративме да им бидеш чувар!“ (Ен Ниса, 80)
4. Треба да веруваме во сѐ она за што тој нé известил. Возвишениот вели: „Тој не зборува по своја волја. Тоа е само Објавата која што му се доставува.“ (Ен Неџм, 3-4)
5. Не смееме да внесуваме ништо ново во неговата верска пракса. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој, во нашата вера, ќе воведе нешто ново, што не е од неа, ќе му биде отфрлено.“ (Бухари и Муслим)
6. Треба да го сакаме повеќе од самите себе и повеќе од сите други луѓе. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Никој од вас нема да биде (комплетен) верник сè додека не ме сака повеќе од неговиот татко, неговото дете и сите луѓе.“ (Бухари и Муслим)
7. Треба да го почитуваме и да го помогнеме него и неговиот Сунет. Аллах Семоќниот вели: „Во Аллах и во Пратеникот Негов да верувате, и верата негова да ја помогнете, да го почитувате.“ (Ел Фетх, 9)

Одговор: 1. Треба да им бидеме покорни во сè, освен во тоа што е грев.
2. Треба да им бидеме на услуга.
3. Треба да им помагаме.
4. Треба да ги исполнуваме нивните потреби.
5. Треба да правиме дова за нив.
6. Треба да се однесуваме љубезно и со почит кон нив. Не смееме да покажуваме никакво негодување, дури ни со најмала реакција како „уф“.
7. Треба секогаш да бидеме насмеани и пријатни во нивно присуство, а не намуртени.
8. Не смееме да го креваме гласот над нивниот; треба внимателно да ги слушаме без да ги прекинуваме кога зборуваат. Наместо да ги повикуваме по име, треба да ги ословуваме со почит, како на пример: татко, мајко.
9. Кога се во соба, треба да побараме дозвола пред да влеземе.
10. Треба да ги бакнуваме во рака и на чело.
Возвишениот вели:
„Господарот твој заповеда само Него да Го обожувате и на родителите добро да им правите. Кога еден од нив двајца, или двајцата, ќе доживеат старост кај тебе, не вели им ни: „Уф!“ - и не кревај го гласот свој кон нив, туку обраќај им се со зборови полни со почит! Биди внимателен и покорен кон нив, и кажи: „Господару мој, смилувај им се, тие мене, кога бев дете, ме негуваа!“ (Ел Исра, 23-24)
Во еден хадис стои дека некој човек дошол кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, барајќи дозвола да оди во џихад. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го прашал: „Дали имаш родители?“ Човекот одговорил: „Да.“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, тогаш му рече: „Твојот џихад е ти да им служиш ним.“ (Тирмизи)

Одговор: 1. Да ги посетуваме нашите роднини, како што се браќата, сестрите, чичковците, тетките, вујковците и другите блиски роднини.
2. Да бидеме добродетели кон нив преку зборови и дела, и да им помагаме кога имаат потреба.
3. Да одржуваме редовни контакти и да се интересираме за нивната состојба.
Аллах вели:
„Можеби и вие, кога би се одметнале, неред на Земјата би правеле и роднинските врски би ги кинеле!“ (Мухамед, 22)
Во еден хадис се вели: „Нема да влезе во Џенет оној кој ги кине роднинските врски.“ (Муслим)

Одговор: 1. Треба да ги сакаме и да се дружиме со добрите луѓе.
2. Треба да го оставиме и да се држиме подалеку од лошото друштво. Основа е хадисот во кој стои: „Не дружи се освен со верник, и нека твојата храна не ја јаде, освен побожен човек.“ (Тирмизи и Ебу Давуд)
3. Треба да ги поздравуваме нашите пријатели со селам и да се ракуваме со нив. Доказ е хадисот во кој стои: „Кога двајца муслимани ќе се сретнат и ќе се ракуваат, нивните гревови им се простуваат пред да се разделат.“ (Ебу Давуд и Тирмизи)
4. Треба да ги посетуваме кога се болни и да Му се молиме на Аллах за нивното оздравување.
5. Кога некој од нив ќе кивне, треба да му посакаме здравје со зборовите: „Јерхамукеллах/Алах нека ти се смилува.“
6. Треба да се одзвиеме кога некој од нив ќе нè повика во посета. Во хадис е кажано: „Правата на муслиманот кон другиот муслиман се пет на број: да му возврати на селамот, да го посети болниот, да го следи џеназето, да му се одзве на поканата и да му посака здравје на оној што ќе кивне.“ (Бухари и Муслим)
7. Треба да ги советуваме. Во хадис стои: „Кој ќе му даде совет на својот брат за нешто, знаејќи дека исправноста е во нешто друго, го изневерил.“ (Ебу Давуд)
8. Кога некому од нив му е направена неправда, треба да му помогнеме и да ја спречиме таа неправда. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Помогни му на братот свој, без разлика дали е тој неправедник или неправедно третиран.“ Еден човек праша: „О, Аллахов Пратенику, ќе му помагам ако е неправедно третиран, но како да му помогнам ако е неправедник?“ Пратеникот одговори: „Ќе го спречиш во правењето неправда; тоа е помошта кон него.“ (Бухари)
9. Треба да му го посакуваме на својот брат муслиман она што си го посакуваме себеси. Во хадис од Енес, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Никој од вас нема да биде вистински верник сè додека не му посакува на својот брат она што го посакува за себе.“ (Бухари и Муслим)
10. Треба да им помагаме кога имаат потреба од нашата помош. Во хадис е спомнато: „Аллах му помага на својот роб сѐ додека робот му помага на својот брат.“ (Муслим)
11. Не смееме да ги вознемируваме ниту со зборови, ниту со дела. Во еден хадис стои: ,,Вистински муслиман е оној од чиишто јазик и раце се сигурни останатите муслимани.“ (Бухари и Муслим)
12. Треба да ги чуваме нивните тајни. Во еден хадис е спомнато: „Кога човек ќе сподели нешто со тебе и потоа се сврти со грбот, тоа треба да се смета за доверување.“ (Тирмизи и Ебу Давуд)
13. Не смееме да ги навредуваме, озборуваме или понижуваме. Исто така, не смееме да им завидуваме, да ги шпионираме или да ги измамуваме.
Хадисот говори:
„Муслиманот е брат на муслиманот: не го угнетува, не го предава (на непријателот) и не го понижува. Доволно зло за човекот е да го понижува својот брат муслиман.“ (Бухари и Муслим)

Одговор: 1. На соседите треба да им укажуваме почит, со зборови и со дела. Кога се во потреба, треба да им понудиме помош и поддршка.
2. Треба да се честита кога слават Бајрам, склучуваат брак или имаат други радосни поводи.
3. Треба да се посетат кога се болни и да им се изрази сочувство кога ќе ги снајде некаква несреќа.
4. Ако сме во можност, убаво е да им испратиме нешто од храната што ја подготвуваме.
5. Не смееме да ги вознемируваме ниту со зборови ниту со дела.
6. Не смееме да ги вознемируваме со врева или да ги шпионираме. Треба да бидеме трпеливи во нашето однесување.
Возвишениот вели:
„И обожувајте Го Аллах и ништо не Му здружувајте! А на родителите правете им добро, и на роднините, и на сирачињата, и на сиромашните, и на блискиот сосед и на далечниот сосед, и на пријателот, и на патникот, и на тој што е во ваша сопственост! Аллах, навистина, не ги сака горделивите и фалбаџиите!“ (Ен Ниса, 36)
- Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: „О, Ебу Зер, кога ќе готвиш манџа, додај повеќе вода и сподели ја со твоите соседи.“ (Муслим)
Во друг хадис, Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: „Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека не го вознемирува својот сосед.“ (Бухари и Муслим)

Одговор: 1. Треба да ја прифатиме поканата кога некој ќе нѐ повика на гости.
2. Кога сакаме да одиме кај некого на гости, претходно треба да побараме дозвола и да договориме соодветно време за посетата.
3. Да побараме дозвола пред да влеземе во куќата.
4. Не треба да остануваме предолго при посетата.
5. Кога сме кај некого на гости, треба да го одвратиме погледот од работи што не нè засегаат.
6. Гостите треба да ги пречекаме со топлина и насмевка, изразувајќи им добредојде на најубав начин.
7. Треба да им го отстапиме најудобното место.
8. Убаво да ги угостиме и да ги почестиме со храна и пијалак.
Возвишениот вели:
„О, верници, во туѓи куќи не влегувајте додека за тоа дозвола не побарате и додека домашните не ги поздравите; тоа ви е подобро, поучете се!“ (Ен Нур, 27)
Во хадис е спомнато: „Дозвола се бара заради погледот (да се заштити од можна непријатна или недозволена глетка).“ (Бухари и Муслим)
И хадисот во кој се вели: „Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека го угости својот гостин.“ (Бухари и Муслим)

Одговор: 1. Кога ќе почувствуваме болка во телото, треба да ја ставиме десната рака на тоа место и три пати да кажеме: „Бисмиллах“. Потоа, седум пати да кажеме: „Е’узу би 'иззетиллахи мин шерри ма еџиду ве ухазиру“.
2. Треба да бидеме задоволни со Аллаховата одредба. Во хадисот на Ум Ел Алаа, Аллах нека е задоволен со неа, стои: „Ме посети Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, додека бев болна и ми рече: „Радувај се, Ум Ел Алаа; бидејќи болеста на муслиманот ги отстранува неговите гревови како што огнот ги отстранува нечистотиите од златото и среброто.“ (Ебу Давуд)
3. Кога братот муслиман ќе се разболи, треба што побрзо да го посетиме, на Аллах да му се молиме за неговото закрепнување, и да не се останува долго време кај него.
4. Да му проучиме рукја без тој тоа да го бара од нас.
5. Треба да го советуваме да биде трпелив, да прави дова, да клања и да се грижи за хигиената колку што може.
6. Довата за болниот гласи: ЕС ЕЛУЛЛАХЕЛ-АЗИМ, РАББЕЛ-АРШИЛ-АЗИМ ЕН ЈЕШФИЈЕКЕ. Истата треба да се повтори седум пати.

Одговор: 1. Треба да биде со искрена намера во името на Возвишениот Аллах. Во хадис стои: „Кој ќе учи знаење за да се фали пред учените, да се расправа со незнајковците и да ги привлекува луѓето кон себе, Аллах ќе го внесе во Џехенем.“ (Ибн Маџе)
2. Да го применува знаењето што го стекнал. Поради хадисот во кој стои: ,,На Судниот ден, нема да се помрднат стапалата на робот додека не биде прашан за четири работи: - меѓу кои - за неговото знаење, дали работел според него.“ (Тирмизи и Дарими)
3. Го почитува учителот и го уважува и кога е присутен и кога е отсутен.
4. Седи пред него со почит.
5. Внимателно слушање, без прекинување во неговото предавање.
6. Поставување прашања со почит.
7. Да не се повикува по име.
Во хадис е кажано:
„Навистина, почитта кон Аллах вклучува почитување на постариот муслиман и на носителот на Куранот.“ (Ебу Давуд)

Одговор: 1. Присутните да се поздрават со селам.
2. Седењето таму каде што завршува редот, не кревајќи никого од неговото место, и да не се седнува помеѓу двајца без нивна дозвола.
3. Да се направи место за другите за да можат и тие да седнат.
4. Да не се прекинуваат другите кога зборуваат.
5. Пред да се напушти собирот треба да се побара дозвола и да се поздрави кога се заминува.
- Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него, зборувајќи за Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Тој забрани да се крева човек од неговото место за да седне друг, и во таква ситуација велел: направете простор и проширете го кругот.“ (Бухари)
Во еден од хадисите јасно стои: „Кога некој од вас ќе дојде на собир, нека се поселами. Кога ќе сака да замине, нека се поселами. Првиот селам не е поважен од последниот.“ (Тирмизи и Ебу Давуд)
6. Кога ќе заврши дружењето, да се проучи довата со која се бара прошка за пропустите на дружењето: ,,СУБХАНЕКАЛЛАХУММЕ ВЕ БИ ХАМДИКЕ, ЕШХЕДУ ЕН ЛА ИЛАХЕ ИЛЛА ЕНТЕ, ЕСТЕГФИРУКЕ ВЕ ЕТУБУ ИЛЕЈКЕ".

Одговор: 1. Да се легне порано. Спомнато во хадисот: „Од Ебу Берза, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не го сакал спиењето пред јацискиот намаз и разговорот по него.“ (Бухари)
2. Да се спие со абдест.
3. Не треба да се спие на стомак.
4. Да се спие на десната страна и да се стави десната дланка под десниот образ.
5. Да се истресе креветот пред спиење.
Во еден хадис се вели:
Пренесува Бера бин Азиб, Аллах нека е задоволен со него, од Аллаховиот Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, дека рекол: „Пред да легнеш во постела, земи абдест како за намаз, па потоа легни на твојата десна страна.“ (Бухари)
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, рекол: Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, виде човек како лежи на стомак и рече: „Ова е положба (на лежење) која Аллах не ја сака.“ (Ахмед и Тирмизи)
Исто така Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: „Кога ќе легнете во кревет, истресете го со внатрешноста на вашата облека, бидејќи не знаете што може да има на него.“ (Бухари)
6. Да се проучат пропишаните зикрови пред спиење како што се: ајетил курси, сурата Ел Ихлас и двете сури заштитнички (Ел Фелек и Ен Нас) по три пати, потоа да се каже: ,,БИСМИКЕАЛЛАХУММЕ ЕМУТУ ВЕ АХЈА".
7. Да се разбуди за сабах намаз.
8. Кога ќе се стане од спиење да се каже: „ЕЛХАМДУЛИЛЛАХИЛЛЕЗИ АХЈАНА БЕАДЕ МА ЕМАТЕНА ВЕ ИЛЕЈХИН-НУШУР.“

Одговор: 1. Кога јадеме или пиеме, треба да имаме намера со тоа да го зајакнеме телото за да можеме полесно да ги извршуваме нашите обврски кон Аллах.
2. Да ги измиеме рацете пред јадење.
Поради хадисот на мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, во кој стои дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој сака да јаде и пие, нека ги измие рацете, а потоа нека започне со јадењето и пиењето.“ (Ахмед)
3. Да изговориме "Бисмиллах", да јадеме со десната рака и од храната што е пред нас. Да не јадиме од средината на чинијата или од тоа што е пред другите.
Како што е наведено во хадисот:
„Момче, започни со Бисмиллах, јади со десната рака и јади од храната што е пред тебе.“ (Бухари и Муслим)
4. Ако заборавиме да изговориме "Бисмиллах" пред јадење, тогаш ќе изговориме од кога ќе се сетиме: „БИСМИЛЛАХИ ЕВВЕЛУХУ ВЕ АХИРЕХУ.“
Поради хадисот на мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, во кој стои дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога некој од вас започнува да јаде, нека изговори: „Бисмиллах“ а ако заборави да го направи тоа на почетокот, нека каже: „Бисмиллахи еввелуху ве ахиреху.“ (Ахмед и Тирмизи)
5. Треба да бидеме задоволни со храната пред нас и да не ја критикуваме. Ако ни се допаѓа, ќе ја јадеме; ако не, ќе ја оставиме.
Поради хадисот на Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, во кој рекол: „Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, никогаш не ја критикуваше храната. Ако му се допаѓаше, ја јадеше; ако не му се допаѓаше, ја оставаше.“ (Бухари и Муслим)
6. Треба да јадеме умерено и да избегнуваме прејадување.
Во еден од хадисите стои:
„Човекот никогаш не наполнил полош сад од својот стомак. Доволно е неколку залци за да се одржи исправен. Ако не може да се воздржи, тогаш нека остави една третина за храната, една третина за пијалакот и една третина за воздухот.“ (Тирмизи и Ибн Маџе)
7. Не треба да дуваме во храната и пијалаците; туку ги оставаме да се оладат сами.
Во хадис е спомнато:
„Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, забрани дување во храната и пијалаците.“ (Ахмед и Ибн Маџе)
8. Треба да јадеме заедно со семејството или со гостите.
Поради хадисот во кој стои дека некој човек му рекол на Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „Јадеме, но не се наситуваме.“ Па тој му одговори: „Можеби јадете одделно. Соберете се заедно околу храната и спомнете го Аллаховото име над неа, ќе ви биде даден бериќет во неа.“ (Ебу Давуд и Ибн Маџе)
9. Не треба да започнуваме со јадењето пред постарите.
10. Кога пиеме нешто, треба да го спомнеме Аллаховото име и да пиеме седејќи, на трипати.
Така вели хадисот:
„Кога некој од вас пие, нека не дише во садот.“ (Бухари и Муслим)
И хадисот на Енес: ,,Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, забранил да се пие стоејќи.“ (Муслим)
И овој хадис: „Додека пиел Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, трипати земал воздух.“ (Муслим)
11. На крајот, од кога ќе завршиме со обедувањето и оброкот, треба да му се заблагодариме на Аллах.
Во хадис стои:
„Аллах е задоволен од робот кој, кога јаде, му заблагодарува за тоа, или кога пие, му заблагодарува за тоа.“ (Муслим)

Одговор: 1. Треба да започнуваме со облекувањето од десната страна и да му заблагодариме на Аллах за тоа.
Земајќи го како основа хадисот на Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, во кој стои дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога се облекувате или земате абдест, започнете со десната страна.“ (Ахмед и Ебу Давуд)
2. Облеката не смее да биде под глуждовите.
Во хадис се спомнува:
„Она што е под глуждовите од облеката, ќе биде во огнот.“ (Бухари) Глуждовите се двете коски испупчени од страните на стапалото.
3. Машките не смеат да носат женска облека, ниту женските машка облека.
Во хадис стои:
„Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го проколнал мажот кој носи женска облека и жената која носи машка облека.“ (Ахмед и Ебу Давуд)
4. Не смее да се имитираат неверниците или грешниците во начинот на облекување.
Поради хадисот:
„Кој имитира еден народ, тој е еден од нив.“ (Ебу Давуд)
5. При соблекување на облеката, треба да го спомнеме Аллаховото име.
Во хадис стои:
„Заштитата помеѓу срамните делови на синовите Адемови и џините е кога некој од вас ќе ја соблече својата облека да изговори: Бисмиллах. (Во името на Аллах).“ (Таберани и Ибн Ебу Шејбе)
6. Кога се обуваме, започнуваме со десната нога, а кога се собуваме, започнуваме со левата нога.
Тоа го вели хадисот на мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, во кој е кажано: „Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, почнуваше со десната страна при обување на обувки, чешлање, земање абдест и при сите свои работи.“ (Бухари)

Одговор: 1. Треба да се изговори следното: „БИСМИЛЛАХИ ЕЛХАМДУЛИЛЛАХ, СУБХАНЕЛЛЕЗИ СЕХХАРЕ ЛЕНА ХАЗА ВЕ МА КУННА ЛЕХУ МУКРИНИН ВЕ ИННА ИЛА РАББИНА ЛЕМУНКАЛИБУН.“
(„Славен и Возвишен нека е Тој што ова ни го потчини, ние не би можеле тоа сами да го постигнеме, и ние кај Господарот свој сигурно ќе се вратиме!“) (Ез Зухруф, 13-14)
2. Кога ќе поминеме покрај муслиман, да го поздравиме со селам.

Одговор: 1. Чекорење без надменост и со скромност. Возвишениот Аллах, вели: „Не чекори горделиво по земјата, бидејќи земјата не можеш да ја пробиеш, ниту планините во висина да ги достигнеш.“ (Ел Исра, 37)
2. Поздравување со селам на тие што ги среќаваме.
Еден човек го прашал Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „Кој е најдобриот ислам?“ Тој одговорил: „Да нахраниш гладен и да го поздравиш со селам оној што го познаваш и оној што не го познаваш.“ (Бухари и Муслим)
3. Да го спуштаме погледот и да не вознемируваме никого.
4. Да наредуваме доброто и да го спречуваме злото. Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: „Дајте му го правото на патот.“ Тие прашаа: „Кое е правото на патот?“ Тој одговори: „Спуштање на погледот, воздржување од нанесување штета, враќање на селам, наредување на доброто и спречување на злото.“ (Бухари и Муслим)
5. Отстранување на пречките од патот.
Во хадис се спомнува:
„Отстранувањето на пречките од патот е садака.“ (Бухари и Муслим)

Одговор: 1. Излегуваме со десната нога и ја изговараме следната дова: „БИСМИЛЛАХИ, ТЕВЕККЕЛТУ АЛАЛЛАХИ, ВЕ ЛА ХАВЛЕ ВЕ ЛА КУВВЕТЕ ИЛЛА БИЛЛАХИ. АЛЛАХУММЕ, ИННИ Е'УЗУ БИКЕ ЕН ЕДИЛЛЕ ЕВ УДАЛЛЕ, ЕВ ЕЗИЛЛЕ ЕВ УЗЕЛЛЕ, ЕВ ЕЗЛИМЕ ЕВ УЗЛЕМЕ, ЕВ ЕЏХЕЛЕ ЕВ ЈУЏХЕЛЕ АЛЕЈЈЕ.“ (Во името на Аллах, се потпирам врз Аллах, Аллаху мој, заштити ме да не заталкам по моја или туѓа вина, да не скршнам од Вистинскиот пат по моја и туѓа вина, да не му нанесам некому неправда и да не ми се нанесе неправда, да не се однесувам како незнајко и кон мене да не се однесуваат со незнаење.)
2. Во куќата влегуваме со десната нога и изговараме: „БИСМИЛЛАХИ ВЕЛЕЏНА ВЕ БИСМИЛЛАХИ ХАРЕЏНА ВЕ 'АЛА РАББИНА ТЕВЕККЕЛНА.“ (Во името на Аллах влегуваме, во Неговото име излегуваме и на Него се потпираме.)
3. Ги чистиме забите со мисвак и ги поздравуваме членовите на семејството со селам.
Во хадис стои:
„Кога ќе влезеше дома, прво ги чистеше забите со мисвак.“ (Ибн Маџе)

Одговор: 1. Во тоалетот влегуваме со левата нога.
2. Пред да влеземе изговараме: „БИСМИЛЛАХ, АЛЛАХУММЕ ИННИ Е'УЗУ БИКЕ МИНЕЛ ХУБУСИ ВЕЛ ХАБАИСИ.“ (Аллаху мој, од Tебе барам да ме заштитиш од нечистите (шејтани) од машки и женски род.)
3. Во тоалетот не треба да се внесува ништо врз кое е напишано името Аллах.
Енес, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Кога Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, влегуваше во тоалет, го вадеше својот прстен.“ (Ебу Давуд и Ибн Маџе)
4. При вршење на нужда, треба да се сокриеме од погледите на другите.
Во хадис се вели:
„Пратеникот салаллаху алејхи ве селем, најчесто, се криеше зад ѕид или зад густо засадени палми при вршење на нужда.“ (Муслим)
5. На местото каде што вршиме нужда, не зборуваме.
6. Кога вршиме нужда, не се вртиме кон киблата, ниту со лицето, ниту со грбот.
Поради зборовите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „Не се свртувајте кон киблата при вршењето на голема или мала нужда; туку свртете се кон исток или запад.“ (Бухари и Муслим)
7. Кога се чистиме по нужда, ја користиме само левата рака, не десната.
Поради хадисот:
„Ни забрани да се чистиме со десната рака.“ (Муслим)
8. Не вршиме нужда на патишта каде што поминуваат луѓе или на места каде што се одмораат.
Поради хадисот на Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, во кој стои дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Избегнувајте ги двете проколнати работи.“ Го прашаа: „Кои се тие две проколнати работи, о Пратенику на Аллах?“ Тој одговори: „Тоа се оние кои вршат нужда на патиштата каде што поминуваат луѓе или каде што одмораат под сенка.“ (Муслим)
9. По завршувањето со нуждата, ги миеме рацете. Поради хадисот на Џерир, Аллах нека е задоволен со него: „Бев со Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, кога тој отиде во тоалет и ја заврши нуждата. Потоа рече: ,О Џерир, донеси ми вода за чистење.’ Му донесов вода, тој се исчисти со вода, а потоа раката ја истри по земјата.“ (Несаи)
10. Од тоалетот излегуваме со десната нога и ги изговараме зборовите: ,,ГУФРАНЕКЕ (Аллаху мој, прости ми)."

1. Во џамијата влегуваме со десната нога и изговараме: „БИСМИЛЛАХИ, АЛЛАХУММЕФТАХ ЛИ ЕБВАБЕ РАХМЕТИКЕ. (Во името на Аллах, Аллаху мој, отвори ми ги вратите на Твојата милост) .“
2. Не седнуваме додека не клањаме два реката.
Поради хадисот кој вели:
„Кога некој од вас ќе влезе во џамија, нека не седнува додека не клања два реката.“ (Бухари и Муслим)
3. Не поминуваме пред оние што клањаат, не објавуваме за изгубени предмети во џамијата и не вршиме купопродажба. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога би знаел оној што поминува пред клањачот каква казна го чека, би му било подраго да стои четириесет (дена, месеци, години) отколку да помине пред него.“ (Бухари и Муслим)
Тој, салаллаху алејхи ве селем, исто така рекол: „Кој ќе чуе човек како бара/објавува изгубен предмет во џамијата, нека му каже: Аллах да не ти го врати, бидејќи џамиите не се изградени за тоа.“ (Муслим)
Во друг хадис стои: „Ако видите некој како продава или купува во џамијата, кажете му: Нека не ти биде успешна трговијата.“ (Тирмизи и Дарими)
4. Да се грижиме џамијата да биде чиста.
Поради хадисот на мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, во кој се вели: „Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нареди изградба на џамии во населбите и дека тие треба да се одржуваат чисти и да мирисаат убаво.“ (Тирмизи, Ахмед и Ебу Давуд)
5. Излегуваме со левата нога и изговараме: „АЛЛАХУММЕ ИННИ ЕС ЕЛУКЕ МИН ФАДЛИКЕ (Аллаху мој, подари ми од Твојата добрина).“

Одговор: 1. Кога ќе сретнеме муслиман, треба да го поздравиме со зборовите: „Ес селаму алејкум ве рахметуллахи ве берекатуху.“ Не треба да користиме други зборови за поздрав, ниту само да покажуваме со рака како начин на поздрав.
2. Да му се насмевнеме на оној кого го селамиме. Во хадис стои: „Не потценувајте ниедно добро дело, дури и ако тоа е да го сретнете вашиот брат со насмеано лице.“ (Муслим)
3. Да се ракуваме со десната рака.
4. Ако некој не поздрави, треба да отпоздравиме на ист или поубав начин.
Тоа го објавил Возвишениот Аллах:
„Кога со поздрав ќе бидете поздравени, со поубав од него отпоздравете, или поздравот возвратете го, бидејќи Аллах навистина сè пресметува!“ (Ен Ниса, 86)
5. Неверниците не ги поздравуваме со селам, но ако тие не поселамат, тогаш ќе им одговориме со: „Ве алејкум.
Поради прописот спомнат во хадисот:
„Не го започнувајте вашиот поздрав кон евреите или христијаните со селам.“ (Муслим)
6. Помладите ги поздравуваат со селам постарите, оној кој јава (или е во возило) го поздравува пешакот, пешакот го селами оној кој седи, а помалата група ја селами поголемата. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „ Тој што јава (или е во возило) го селами пешакот, пешакот го селами оној кој седи, а помалата група ја селами поголемата.“ (Бухари и Муслим)
7. Не се ракуваме со жените кои не туѓи, на кои не сме им махрем.
Ова правило е спомнато во хадисот на мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, во кој се вели: „Се колнам во Аллах , раката на Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, никогаш не допрела рака на туѓа жена.“ (Бухари и Муслим)

Одговор: 1. Пред да влеземе во некое место, треба да побараме дозвола за влез.
2. Дозволата ја бараме трипати и не повеќе од толку. Ако никој не ни одговори, треба да се вратиме.
Во хадис е кажано:
„Ако некој од вас побара дозвола трипати и не добие одговор, нека се врати.“ (Бухари и Муслим)
3. Ќе тропнеме благо на вратата и нема да стоиме веднаш пред неа, туку ќе застанеме на десната или левата страна и ќе речеме: Ес селаму алејкум. Поради хадисот: „Кога Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ќе пристигнеше до нечија врата, не стоеше право пред неа, туку од десната или левата страна и велеше: Ес селаму алејкум, ес селаму алејкум.“ (Ебу Давуд)
4. Не влегуваме во родителската или нечија друга соба без дозвола, особено не пред сабах, за време на попладневниот одмор и по јација.
Поради зборовите на Возвишениот Аллах:
„О, верници, тие што се ваша сопственост и тие што сè уште не се полнолетни нека побараат дозвола од вас за кај вас да влезат во три случаи: пред сабах намаз (утринската молитва) и кога на пладне ќе ја одложите облеката своја, и по извршувањето на јација намаз (вечерната молитва). Тоа се трите периоди кога не сте облечени, а во другите периоди не ви е грев ниту вам ниту ним, та тие кај вас често влегуваат, а вие едни кај други влегувате. Така Аллах ви ги објаснува прописите! А Аллах знае сè и Мудар е.“ (Ен Нур, 58)
5. Во местата каде што не се живее, можеме да влеземе без дозвола, како што се болниците, пазарите и слично.
Возвишениот вели:
„Не е грeшно да влегувате во ненаселените објекти, во кои се наоѓаат работите ваши, а Аллах го знае тоа што јавно го покажувате и тоа што го криете.“ (Ен Нур, 29)

Одговор: 1. Треба да ги храниме и напојување животните.
Во хадис се вели:
„Рекоа: О, Аллахов Пратенику, дали имаме награда за грижата кон животните? Тој рече: За секое живо суштество има награда.“ (Бухари и Муслим)
Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, поминал покрај камила чиј грб и се прилепил за стомакот од глад и рекол: „Плашете се од Аллах во врска со овие животни.“ (Ебу Давуд)
2. Треба да бидеме милосливи и благи кон нив и да не ги оптоваруваме со нешта што не можат да ги издржат.
Во еден хадис се пренесува дека Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој е сопственик на оваа камила? Чија е оваа камила?“ Тогаш дојде еден млад човек од енсариите и рече: „Моја е, о Аллахов Пратенику.“ Пратеникот рече: „Зарем не се плашиш од Аллах во врска со ова животно што ти го дал? Ми се пожали дека го изгладнуваш и го преморуваш.“ (Ахмед и Ебу Давуд) „Туд’ибуху“: значи го преморуваш.
3. Не смееме на никаков начин да ги мачиме или вознемируваме животните.
Во хадисот на Џабир, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, поминал покрај магаре кое било жигосано на лицето и рекол: „Зарем не сте слушнале дека сум го проколнал оној што жигосува животно на лицето или го удира по лицето?“ Потоа го забрани тоа (жигосувањето). (Муслим и Ебу Давуд)

Одговор: 1. Целта на спортот треба да биде зајакнување на телото, поради покорност кон Аллах и да се придобие Неговото задоволство.
2. Не се игра/спортува за време на намаз.
Возвишениот вели:
„А тешко на тие што, кога намазот (молитвата) го извршуваат, намазот свој како што треба не го извршуваат.“ (Ел Маун, 3-4)
3. Момчињата не треба да спортуваат заедно со девојчињата.
4. Треба да се носи спортска облека која го покрива срамниот дел од телото.
5. Треба да се избегнуваат забранетите спортови, како оние што вклучуваат удирање во лицето и откривање на интимните делови од телото.
Во хадис стои:
„Кога некој од вас ќе се бори со својот брат, нека го избегнува удирањето во лицето.“ (Муслим)

Одговор: 1. Да се биде искрен при шегувањето и да не се лаже.
Во хадис стои:
„Тешко на оној кој зборува и лаже за да ги насмее луѓето. Тешко нему, тешко нему.“ (Ебу Давуд, Ахмед и Тирмизи)
2. Шегата треба да биде без исмејување, подбивање, наштетување и заплашување.
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Не е дозволено муслиманот да заплашува друг муслиман.“ (Ахмед и Ебу Давуд)
3. Да не се претерува со шегувањето.
Тој, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Не претерувајте со смеењето, бидејќи прекумерното смеење го умртвува срцето.“ (Тирмизи и Ибн Маџе)

Одговор: 1. Кога киваме, треба да ја покриеме устата со рака, со дел од облеката или марамче.
2. По кивањето, треба да му се заблагодариме на Аллах со зборовите: „Елхамдулиллах“.
3. Оној што ќе чуе дека некој кивнал, па рекол „Елхамдулилах“ треба да му каже: „Јерхамукаллах" (Аллах нека ти се смилува).
4. Оној што кивнал, потоа треба да каже: „Јехдикумуллаху ве јуслих балекум“ (Аллах нека те упати и состојбата нека ти ја поправи).

Одговор: 1. Треба да се обидеме да го спречиме зевањето.
Во хадис е речено:
„Зевањето е од шејтанот, па ако некому му се зева, нека се обиде да го спречи колку што може.“ (Бухари и Муслим)
2. Не треба да го подигаме гласот додека зеваме (на пример, со звук „аааа“).
Хадисот вели:
„Не велете: ‘Ах, ах’, бидејќи кога некој од вас ја отвора устата, шејтанот му се смее.“ (Ахмед)
3. Треба да ја покриеме устата со рака.
Во хадис е спомнато:
„Кога некој од вас зева, нека ја покрие устата со рака, во спротивно шејтанот влегува.“ (Муслим)

Одговор: 1. Рецитирањето да биде во состојба на чистота, да бидеме со абдест.
2. Седење со смиреност и достоинство.
3. На почетокот на рецитирањето, да побараме заштита кај Аллах од проклетиот шејтан.
Возвишениот Аллах вели:
„Кога сакаш да учиш Куран, побарај заштита кај Аллах од проклетиот шејтан.“ (Ен Нахл, 98)
4. Да размислуваме за значењето на она што го рецитираме.
Возвишениот вели:
„Како тие не размислат за Куранот, или на срцата имаат катанци?!“ (Мухамед, 24)
*******

Одговор: 1. Да ја започнеме довата искажувајќи благодарност кон Возвишениот Аллах.
2. Да испратиме салават на Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем.
Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: „Кога ќе клањаш, па ќе седнеш, заблагодари му се на Аллах како што му доликува, и испрати салават за мене, па потоа упати Му дова на Аллах.“ (Тирмизи)
3. Да ги подигнеме рацете, со внатрешноста на дланките кон небото, кога правиме дова.
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Вашиот Господар, Благословен и Возвишен нека е Тој, е срамежлив и племенит. Тој се срами да го остави Својот роб со празни раце кога ќе ги подигне кон Него.“ (Тирмизи и Ебу Давуд)
4. Кога правиме дова, треба да се покаеме и да ги признаеме нашите гревови.
Во довата на Муса, алејхи селам, стои: „Господару мој,“ – рече тогаш – „јас себеси зло си нанесов, прости ми!“ И Тој му прости, Тој навистина простува и Милостив е." (Ел Касас, 16)
5. Инсистирање во довата, што значи често повторување и истрајност во довите.
6. Да не го избрзуваме примањето на нашата.
7. Да не се молиме за нешто што е грев или прекин на роднинските врски.
Во хадис е кажано:
„Секогаш ќе му се услишуваат довите на робот, сè додека не се моли за грев или за прекин на роднинските врски и сè додека не ибрзува. Па прашале: ,О, Аллахов Пратенику, што значи тоа избрзување?' Тој одговорил: ,Кога вели: - Сум довел, сум довел, но не сум видел одговор. - И тогаш се откажува и престанува да се моли.'“ (Бухари и Муслим)
8. Тивко изговарање на довата.
Возвишениот вели:
„Молете Му се понизно и во себе на Господарот свој.“ (Ел Араф, 55)
9. Присуство на срцето (свесност) за време на дова.
Во хадис се вели:
„Довете Му на Аллах со целосна убеденост во одговорот и знајте дека Аллах не одговара на довата на незаинтересираното и немарно срце.“ (Тирмизи)
10. Искреност кон Аллах и молење само Нему, и во благосостојба и при потешкотии.
Возвишениот вели:
,,Џамиите се само заради Аллах, и покрај Аллах не молете му се на никого!" (Ел Џин, 18)
11. Да Го повикуваме со Неговите прекрасни имиња и совршени атрибути.
Возвишениот вели:
„На Аллах Му припаѓаат најубавите имиња и повикувајте Го со нив.“ (Ел Араф, 180)
12. Да бидеме свртени кон киблата кога правиме дова. Тоа е наведено во следниов хадис: „Не престана да Го повикува својот Господар, со подигнати раце и свртен кон кибла, сè додека наметката не му падна од рамењата.“ (Муслим)
13. Да се грижиме нашата храна и облека да бидат со халал заработени. Во хадис стои: „Потоа го спомна човекот кој долго патува, со разбушавена коса и правлив, ги подига рацете кон небото и вели: ‘Господару мој, Господару мој,’ а неговата храна е харам, тоа што го пие е харам, неговата облека е харам, и нахранет е со харам, па како да му биде одговорено?“ (Муслим)