Област на животописот (сира) на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем.

Одговор: Тој е Мухамед, син на Абдулах, кој е син на Абдул Муталиб, а тој пак е син на Хашим. Хашим е од племето Курејш, а Курејшиите се Арапи. Арапите се потомци на Исмаил, синот на Ибрахим. Божјиот мир и благослов нека се врз нив и врз нашиот Пратеник.

Одговор: Неговиот татко починал во Медина додека тој сè уште бил во утробата на неговата мајка, пред неговото раѓање.

Одговор: Пратеникот е роден во годината на слонот, во понеделник, во месецот Реби’ ел-еввел.

Одговор:
- Уму Ејмен, ослободената робинка на неговиот татко.
- Сувејба, ослободената робинка на неговиот чичко Ебу Лехеб.
- Халима Ес Са'адија.

Одговор: Неговата мајка починала кога тој имал шест години, а потоа грижата за него ја презел неговиот дедо Абдул Муталиб.

Одговор: Кога неговиот дедо Абдул Муталиб починал, тој имал осум години. Потоа, грижата за него ја презел неговиот чичко, Ебу Талиб.

Одговор: Тој со неговиот чичко патувал во Шам кога имал дванаесет години.

Одговор: Вториот пат патувал за трговија со имотот на Хатиџа, Аллах нека е задоволен со неа. Кога се вратил, се оженил со неа, а имал 25 години.

Одговор: Курејшиите ја обновиле Ќаба кога тој имал 35 години.
Кога почнала расправата кој ќе го постави Црниот камен, му се обратиле на него да пресуди. Тој го ставил Црниот камен врз наметка и наредил секое племе да фати за еден крај од наметката. Имало четири племиња. Кога го подигнале каменот до местото, тој лично го поставил на предвиденото место, Божјиот мир и благослов нека се со него.

Одговор: Тој имал 40 години кога бил назначен за пратеник и бил испратен до сите луѓе, за да донесе радосни вести и да ги опомене.

Одговор: Со вистинити соништа. Секој сон што ќе го сонел, се остварувал на јаве како јасните мугри.

Пред објавата, тој често се осамувал во пештерата Хира за да го обожува Аллах. Бог го подготвувал за објавата.
Објавата му пристигнала додека бил во пештерата и правел ибадет.

Одговор: Аллаховите зборови: „Читај во името на Господарот твој Кој создава, го создава човекот од грутка крв! Читај, зашто Најблагороден е Господарот твој, Кој поучува со перо, Кој го подучува човекот за она што тој не го знае.“ (Ел Алек, 1-5)

Одговор: Од мажите: Ебу Бекр ес Сидик.
- Од жените: Хатиџа бинт Хувејлид.
- Од децата: Али бин ебу Талиб.
- Од ослободените робови: Зејд бин Харисе.
- Од робовите: Билал ел Хабеши, Аллах нека е задоволен со сите нив.

Одговор: Повикот започна тајно и траеше околу три години, по што на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му беше наредено да го обзнани повикот јавно.

Одговор: Многубошците ги преминаа сите граници во вознемирувањето на веровесникот и на муслиманите, затоа им беше дозволено на верниците да се преселат кај Неџаши во Абисинија.
Идолопоклониците беа согласни во својата намера да го измачуваат и да го убијат Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, но Аллах го заштити преку неговиот чичко Ебу Талиб.

Одговор: Почина неговиот чичко Ебу Талиб и неговата сопруга Хатиџа, Аллах нека е задоволен со неа.

Одговор: Тоа се случи кога Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, имаше педесет години, и тогаш му беа пропишани петте задолжителни намази.
Исра:
 Ноќното патување од Месџидул Харам до Месџидул Акса.
Мираџ:
 Воздигнувањето од Месџидул Акса до небото, а од таму до Сидретул мунтеха.

Одговор: Тој ги повикуваше жителите на Таиф и одеше на местата каде што се собираа луѓето. Сѐ додека не пристигна група енсарии од Медина кои поверуваа во него и му дадоа завет дека ќе го поддржуваат.

Одговор: Зекатот, постот, аџилакот, џихадот, езанот и други прописи.

Одговор: - Битката кај Бедр во втората година по хиџра.
- Битката на Ухуд во третата година по хиџра.
- Битката Ахзаб (Хендек) во петтата година по хиџра.
- Ослободувањето на Мека во осмата година по хиџра.

Одговор - Тоа се Аллаховите зборови: ,,И плашете се од Денот кога сите кај Аллах ќе бидете вратени, а потоа секому тоа што го заслужил ќе му се исплати! Никому неправда нема да му биде направена." (Ел Бекаре, 281)

Одговор: Почина во месец Реби’ ел еввел, во единаесеттата година по хиџра, на возраст од шеесет и три години.

Одговор: 1. Хатиџа бинт Хувејлид.
2. Севда бинт Зем'ах.
3. Ајша бинт Ебу Бекр Ес Сидик.
4. Хафса бинт Омер.
5. Зејнеб бинт Хузејме.
6. Уму Селеме Хинд бинт Ебу Умеје.
7. Уму Хабиба Рамла бинт Ебу Суфјан.
8. Џувејрија бинт Харис.
9. Мејмуна бинт Харис.
10. Сафија бинт Хујеј.
11. Зејнеб бинт Џехш, Аллах нека е задоволен со сите нив.

Одговор: Машките деца се три:
1. Ел Касим, по кого беше нарекуван како Ебу Касим.
2. Абдуллах.
3. Ибрахим.
Женските деца се:

1. Фатима.
2. Рукаја.
3. Уму Кулсум.
4. Зејнеб.
Сите негови деца се од Хатиџа, Аллах нека е задоволен со неа, освен Ибрахим кој е од Марија Коптијката. Сите починаа пред него, освен Фатима која почина шест месеци по него.

Одговор: Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, беше со средна висина, ниту премногу висок, ниту премногу низок. Имаше светла кожа со руменило, густа брада, широки очи и убаво обликувана уста. Косата му беше многу црна, имаше широки рамена, убаво мирисаше, како и многу други убави карактеристики, Божјиот мир и благослов нека се со него.

Одговор: Ги остави на јасен пат, патна кој и ноќта е јасна како денот. Тоа е пат од кој може да скршне само оној кого го чека пропаст. Не остави ниту едно добро, а да не го посочи, ниту пак изостави некое зло, а да не предупреди на него.
*******
Забелешка:
Овој дел е наменет за меморирање на ајетите и разбирање на нивното значење.